Спорт
Бразил остана без олимписката круна – Русија ќе се бори за златниот медал
Русија преку актуелниот олимписки првак Бразил избори пласман во финалето на Игрите во Токио. Русите во првото полуфинале ги победија Бразилците со 3:1 (18:25, 25:21, 26:24, 25:23).
Русија ќе се бори за златниот медал, првпат по 2012 година, кога ја освоија титула. Во Токио тие им се реваншираа на Бразилците за поразот во четврт-финалето пред пет години во Рио де Жанеиро.
Големите ривали одиграа возбудлив и квалитетен меч. Клучниот момент се случи во средишницата на вториот сет кога Русите се вратија во мечот по негативата од 13:20.
Со 22 поена Русија ја предводеше Максим Михајлов, Јегор Кљука имаше 15, а Иван Јаковлев 13 поени. Јоанди Леал со 18 поени беше најефикасен кај Бразил.
Русија во финалето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Аргентина и Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вест Хем (дефинитивно) го исфрли Ливерпул од шампионската трка
Вест Хем попладнево го исфрли Ливерпул од шампионската трка. Во рамките на 35.коло, Вест Хем и Ливерпул одиграа 2:2. Ливерпул остана на третата позиција со 75 бода, два помалку и натпревар повеќе од лидерот Арсенал. На третото место е Манчестер сити со 76 бода и два натпревар помалку од лидерот на на табелата.
Вест Хем поведе во 43. минута благодарение на Џерод Бовен, кој погоди по кронерот на Кудуз.
Бовен со овој гол влезе во историјата на Вест Хем. Ниту еден играч пред него не постигнал 16 голови во една сезона во Премиер лигата.
Ливерпул израмни на самиот почеток на второто полувреме. Робертсон во 48.минута го совлада Ареола.
Ливерпул направи пресврт 17 минути подоцна. Карамбол ситуација пред голот на Вест Хем, заврши со комичен авто-гол на голманот Ареола.
Голманот на Вест Хем одлчно реагираше по ударот на Дијаз во 73.минута.
Казната Ливерпул го стигна четири минути подцна кога Антонио гои постави конечните 2:2.
Спорт
Газета дело Спорт: Милан избра нов тренер
Хулен Лопетеги би требало да биде тренер на Милан од следната сезона, пренесува „Газета дело Спорт“.
Шпанецот ќе дојде на местото на Сзтефано Пиоли, кој по пет сезони ќе го напушти „Сан Сиро“.
На Пиоли му пресудија променливите резултати оваа сезона. Милан на половина од сезоната отпадна од трката за шампионската титула, испадна во групната фаза во Лигата на шампионите, се пресели во Лига Европа и доживеа елиминација во четвртфиналето од Рома.
Лопетеги го напушти англискиот премиерлигаш Вулверхемптон претходно оваа сезона и оттогаш е без работа. Тој беше шпански селектор од 2016 до 2018 година, доби отказ неколку дена пред стартот на Светското првенство во Русија, бидејќи потпиша договор со Реал.
Мандатот во „кралскиот клуб“ му траеше само пет месеци, потоа се пресели во Севилја со која имаше успешни две сезони.
Спорт
Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан
Жељко Обрадовиќ ќе остане на клупата на кошаркарскиот клуб Партизан.
Српските медиуми објавија дека трофејниот тренер потпипал нов двегодишен договор. Клубот не ги објави финансиските детали.
Обрадовиќ, во Паризан се врати пред три години. Минатата сезона го освои првиот трофеј по враќањето, Партизан ја освои АБА лигата. Во Евролигата, во пет натпревари бее елиминиран во четвртфиналето од Реал Мадрид.