Македонија
Армијата продолжува во справувањето со пожарите на терен и од воздух
Армијата на Република Северна Македонија која од самиот почеток на катастрофалните пожари во координација со сите надлежни институции се вклучи во гасењето на пожарите, по денешната одлука за прогласување на кризната состојба во континуитет продолжува безрезервно да се ангажира согласно побарувањата со целиот расположив човечки и материјален потенцијал, велат од Министерството за одбрана.
Во непрекината комуникација и координација со надлежните од регионалните Центри за Управување со Кризи, локалните самоуправи и сите други инволвирани субјекти во справувањето со пожарите се ангажира потребен персонал и средства од речиси сите гарнизони на Армијата.
„На две стотините припадници на Армијата кои беа ангажирани од почетокот на критичните локации на пожарите, во тек на вчерашниот и денешниот ден се приклучија уште стотина колеги, а по потреба и согласно побарувањата ќе се приклучуват и армиски припадници кои непрекинато се наоѓаат во целосна подготвеност за ангажирање“, додаваат од армиските служби.
Во овој момент, како што појаснуваат, повеќе од 200 припадници се вклучени во гасење на пожарот во реонот на Делчево и Пехчево, додека останатите се ангажирани во реоните на Валандово, Старо Нагоричане и Плетвар. При ангажирањето кое припадниците го извршуваат крајно професионално, храбро и пожртвувано се почитуваат сите процедури и мерки за безбедност и лична заштита кои се пропишани согласно противпожарната обука која сите припадници ја поминуваат како дел од редовната обука.
Според информации од АРМ, хеликоптерите МИ-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ максимално ги користат расположивите ресурси кои ги овозможуваат техничките можности на леталата и стриктните летачки безбедносни процедури, при што во досегашниот период имаат направено повеќе од 100 лета и исфрлено повеќе од 200 тони вода на локациите на кои се побаруваше од Центарот за Управување со Кризи како надлежен за координација на активностите.
Армијата на Република Северна Македонија согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно, стои во писменото соопштение од Министерството за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Бутел, Карпош и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Александар Турунџов во општина Бутел.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Панче Пешев бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош, како и корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка во општина Сарај.
Македонија
Без вода делови од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известувааат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 5/4“ на бул. Илинден б.б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од ул. Љубљанска до ул. Никола Парапунов. ( општина Карпош )
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево време
Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.