Црна хроника
Притвор за осомничениот за убиството во „Здравко Цветковски“
Истражен судија му одреди триесетдневен притвор на шеснаесетгодишникот, кој е осомничен за убиството што се случи во училишниот двор во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“.
Момчето коешто е осомничено за убиството беше уапсено денеска и во присуство на родител беше на распит во полициска станица.Во саботата полицијата го приведе второосомничениот кој бил соучесник во инцидентот, а истражен судија му одреди 15 дена притвор. Тој ќе одговара за насилство, додека првоосомничениот ќе треба да одговара за убиство.Деветнаесетгодишниот Мухамед Али Јашари од Кондово во петокот при обид да го одбрани својот соученик смртно настрада, кога двајцата напаѓачи ги пресретнале учениците во дворот во „Здравко Цветковски“ и ги нападнале со метална прачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

