Спорт
Двајца тренери од Белорусија исфрлени од Олимпиското село
Двајца членови на делегацијата на Белорусија во Токио, по налог на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), се исфрлени од Олимпиското село.
На селекторот на репрезентацијата на Белорусија, Јури Мојсевич, и официјалното лице Артур Шумак, вмешани во случајот со атлетичарката Кристина Цимановскаја, ИОК им ги одзел акредитациите. Тие веќе го напуштиле Токио.
„Во интерес на спортистите од Белорусија, кои и понатаму се натпреваруваат во Токио, решивме да го повлечеме овој потег. Побаравме тие веднаш да го напуштат Олимпиското село. Тие веќе го направија тоа. Ќе имаат можност да ја изнесат својата одбрана во врска со целиот случај“, соопшти ИОК.
Цимановскаја поради критиките што ги упати преку „Фејсбук“ кон својот тренер, по налог на челникот на белорускиот тим, требаше да биде вратена во Белорусија. Таа побара и доби помош од јапонската полиција. Остана на аеродромот, а потоа замина во Амбасадата на Полска. Вечера, таа преку Виена пристигна во Варшава.
„Ми кажаа дека не е безбедно да се вратам во Белорусија. Не сакам овој случај да добие политичка конотација. Ништо не кажав против владата на Белорусија, никогаш не сум била политички ангажирана, никогаш не сум учествувала во протестите. Спортот е мојот живот“, рекла Цимановскаја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Математиката на Челси, Лукаку+пари = Виктор Осимен
Ромелу Лукаку (30), по три сезони минати во Интер и една во Рома, во Серија А би можел да го облече дресот на Наполи.
Белгиецот изминатите две сезони настапува како позајмен, во Интер и Рома. Доколку се пресели во Наполи тој би бил дел од трансферот на Виктор Осимен.
Италијанските медиуми најавуваат дека 25-годишниот Нигериец следното лето би можел да го засили Челзи во трансфер вреден меѓу 80 и 90 милиони евра и дека Лукаку ќе послужи како своевидна „доплата“ во таа „зделка“.
За Осимен се заинтересирани и саудиските клубови, па Челзи ќе мора да му понуди голема плата доколку сака да го обезбеди потписот на нигерискиот репрезентативец.
Спорт
(Видео) Меси и Суарез го декласираа Њујорк Ред Бул
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси стана првиот играч во историјата на МЛС со пет асистенции на еден натпревар.
Меси го растури Њујорк Ред Бул со гол и пет асистенции. Интер славече победа 6:2.
Домашниот тим со пресврт дојде до седмата победа оваа сезона, откако Њујорк поведе во 30. минута преку Данте Ванзеир.
Матијас Рохас израмни во 48. минута, а Меси погоди две минути подоцна.
Рохас ја затресе мрежата на гостите во 62. минута, а Луис Суарез постигна хет трик во финишот.
Погоди во 69., 75. и 81. минута, а Њујорк Ред Бул постигна уште еден гол во седмата минута од судиското надополнување преку Емил Форсберг од белата точка.
Интер е прв во Источната конференција со 24 бодови, додека Њујорк Ред Булс е четврти со 17 бодови.
Спорт
(Видео) Брејк на Минесота во Денвер
Актуелните шампиони Денвер Нагетс, со пораз ја започнаа полуфиналната серија во Западната конференција. Во „Бол арена“, Дебевер доживеа пораз од Минесота Тимбервулвс 99:106.
Денвер одигра далеку под просекот, со лоши проценти на реализиција и Вулвс апсолутно заслужено победија.
Јокиќ постигна 32 поени, имаше осум скока и девет асистенции, но загуби и седум топки, притоа шутираше 11/25 од поле.
Ниту Џамал Мареј не се прослави во шутот со 6/14 и 17 поени, додека Портер Јуниор натпреварот го заврши со 20 поени, со реализација 6/13.
Кај гостите од Минесота се истакна Ентони Едвардс со 43 поени, Таунс постигна 20, но многу важна улога имаше Наз Рид со 16 поени, од кои 14 во последниот дел, како и Руди Гобер со два многу важни коша во клучните моменти од натпреварот.
Едвардс стана вториот играч на 22-годишна возраст или помлад, по Коби Брајант, кој има два последователни натпревари во плејофот со повеќе од 40 поени.