Македонија
Три лица затекнати на Водно задржани во станица, полицијата на терен
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот на 5.8.2021 до 7 часот денеска, 6.8.2021, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија од страна на МВР беа ангажирани околу 450 полициски службеници, како и 165 мотопатроли и 148 возила.
Во текот на посочениот период, во непосредна близина на пожарот кај месноста Стара Депонија во Штип, бил затекнат С. Г. (57) од Штип со патничко возило „опел астра“, во кое при контрола се пронајдени изгорени пружини за кои појаснил дека ги палел за да ги продаде како отпадно железо. Известен е јавен обвинител, а по комплетирање на материјалот, ќе следува соодветен поднесок.
На 5.8.2021 во 20.10 часот, на репетиторот на Водно, од страна на полициска патрола, се затекнати три лица што се движеле во шумскиот појас и тие биле задржани во полициска станица по што против нив е поднесена соодветна пријава.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои се подолго време изложени на сонце и може да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, апелираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од пет скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Димче Милошевски. (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 1 во с. Сопиште. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Димитар Мирсачев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на ул. Леринска бр. 3. (Општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне слаба магла, попладне повремени врнежи од дожд
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.
Македонија
(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60 илјади луѓе кои се одважија да ја изберат нашата опција го имаме огледалото за иднината на Скопје, кажа кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.
„Во следните две и пол години само дополнително ќе се мобилизира, на парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје“, кажа Мециновиќ.
Тој се заблагодари на сите гласачи на Левица.
„Тие ни ја даваат енергијата која ја имаме за да се спротивставиме на оваа ламја режимска“, кажа Мециновиќ.
Тој исто така им се заблагодари и на сите неопределени кои излегле да гласаат и им порача дека навистина не е залудно.
„Со ова покажавме дека иднината во Македонија е навистина посветла. Ние сме разбудени и се повеќе и повеќе ќе го чувствуваат одговор. Сакам да им се заблагодарам и на гласачите на СДС. Сметам дека браната е пукната и ние сме вашата опција. Ве повикувам да останете зад контингентот на Левица, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Мециновиќ.
По оваа изборна трка, тој им порача на сите 60 илјади луѓе кои го дале гласот за него, дека ќе биде нивниот глас во парламентот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште пожестока борба.

