Црна хроника
Автомобил пропаднал во река, возачот се удавил, уште седуммина тешко повредени во сообраќајки
Автомобил марка „мерцедес бенз“ во четвртокот вечерта во 19 часот пропаднал во Бучимска река, а возачот на автомобилот се удавил. Други седум лица се тешко повредени во одделни сообраќајки што се случиле низ Македонија во понеделникот и во неделата.
Автомобилот „мерцедес“ се движел по магистралниот пат Радовиш – Штип, кога кај местото Пилав тепе, возачот изгубил контрола, излетал на левата страна во насока на движење надвор од коловозот каде се превртел во провалија и пропаднал во течението на Бучимска река, по што застанал превртен на кровот. Седумдесет и двегодишниот возач од село Брод, општина Новаци се удавил, додека тројцата сопатници останале неповредени.Во неделата во 20.20 часот се случила сообраќајка на регионалниот пат Струмица – село Вељуса – село Ангелцо. Се судриле два автомобили со струмички регистерски ознаки при што повредена е деветнаесетгодишна сопатничка од Скопје.Три автомобили учествувале во сообраќајка којашто во понеделникот наутро го блокираше сообраќајот на магистралниот пат Градско Прилеп. Со тешки повреди се здобиле двајца сопатници кои биле пренесени во кавадаречката болница.Автомобил„цитроен ксара“ со српски регистерски таблици се превртело во неделата попладне во 15 часот на автопатот Скопје – Тетово. Србинката која го управувал возилото се здобила со тешки повреди додека сопатничката се здобила со полесни повреди. Тешко повредена малолетничка има и во сообраќајка што се случила во понеделникот во Охрид меѓу автомобил „хјундаи“, управуван од седумдеет и едногодишен битолчанец, „фолсваген бора“ со кое управувало шеснаесетгодишно момче од Охрид и работна машина „рига“. повредено е седмнаесетгодишно девојче кое било сопатни „фолксвагенот“. Од болницата „Свети Еразмо“ повредената е пратена на хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје.Шеесет и тригодишна жена пешак е тешко повредена во сообраќајка што се случила во понеделникот во Тетово на крстосницата од улицата „Благоја Тоска“ и улицата „Борис Кидрич“. Камион „сканија“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(50) од Велес, удрило во пешакот Н.З. (65) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.З. и истата со екипа на Итната медицинска помош била пренесена во Клинички центар Тетово од каде поради сериозноста на повредите како итен случај била препратена во Ургентен центар Скопје. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнати деца на училиште, во автобус, градинка – во Скопје пријавени повеќе случаи на насилство со малолетници за еден ден
Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи.
Напад во автобус на ЈСП
Татко пријавил дека вчера неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од селото Батинци, додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие на подрачјето на Драчево.
Младо момче нападнато од малолетници
Дваесет и шест годишниот С.Т. Зелениково пријавил дека околу 23:10 часот, во паркот во село Пакошево бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле тврд предмет. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Инцидент во средно училиште во Центар
Во 21:15 часот, Ж.П. (47) од Скопје пријавил дека околу 12:00 часот, во двор на средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил нападнат од друг ученик.
Напад во градинка во Чаир
Во 13:00 часот, Н.Ќ. (49) од с. Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот, во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.
Напад во Кисела Вода
Во 22:30 часот, Н.Ц. (46) од Скопје пријавила дека околу 20:30 часот, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од женско лице на подрачјето на Кисела Вода.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за расчистување.
Црна хроника
Возило удри во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника
Во текот на вчерашниот ден на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишно девојче од Куманово.
Како што соопшти МВР, возилото го управувала 23-годишната С.В. од Куманово.
Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.
Црна хроника
(Фото) Експлозија во куќа во охридско, тешко повредено едно лице
Едно лице е повредено во експлозија што се случила денеска во охридското село Велгошти, информира територијалната противпожарна единица Охрид.
„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, соопшти противпожарната служба.
Од полицијата соопштија дека пожарот се случил околу 11 часот и дека тешко е повредена 44-годишна жена.
„На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот“, соопшти СВР Охрид.

