Спорт
Бразил остана без медал – Аргентинците ја освоија бронзата
Машката одбојкарска репрезентација на Аргентина го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио.
Аргентинците во мечот за бронзата го победија најголемиот ривал Бразил со 3:2 (25:23, 20:25, 20:25, 25:17, 15:13).
Аргентина до победата ја предводеше Факундо Конте со 21 поен, Агустин Лопез го следеше со 14, а по 13 поени реализираа Бруно Лима и Езекијел Паласиос.
Кај Бразил се истакнаа Валас Де Соуза со 17 и Лукас Саткамп со 14 поени.
За златниот медела во Токио ќе се борат Русија и Франција. Финалето е на програмата од 14 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ултрасите на ПСЖ со посебна кореографија се простија од Мбапе
Пред почетокот на натпреварот против Тулуз, навивачите на ПСЖ со спектакуларна кореографија се простија од Килијан Мбапе, кој пред неколку дена потврди дека си заминува од Париз на крајот на сезоната.
Мбапе го постигна првиот гол на натпреварот (негов 256 во дресот на ПСЖ), но на крајот гостите славеа со 3:1.
Еден од најдобрите играчи во светот се прости од шампионот на Франција во видео кое го објави на социјалните мрежи.
„Отсекогаш сум велел дека ќе ве контактирам кога ќе дојде време, па затоа сакам да објавам дека ова ми е последна година во Пари Сен Жермен. Нема да го обновувам договорот и авантурата ќе заврши за неколку недели“, рече Мбапе, заблагодарувајќи им се на сите со кои соработуваше во ПСЖ и рече:
„Има многу емоции, има многу години во кои имав можност и голема чест да бидам член на најголемиот француски клуб и еден од најдобрите клубови во светот, што ми го даде првото искуство во клуб со голем притисок, исто така, ми овозможи да пораснам како играч покрај некои од најдобрите во историјата, да запознам многу луѓе и да пораснам како човек со сета слава што ја стекнав и сите грешки што ги имам направено“.
Иако не откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, изјави дека заминува од Франција.
Најдобро информираните светски експерти за трансфери со месеци пишуваат дека неговиот потпис за Реал Мадрид е речиси завршена работа. На крајот од оваа сезона Мбапе имаше опција да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една година, но тоа нема да го стори, па ќе го напушти клубот без обештетување.
👋🏻🇫🇷 PSG Ultras say goodbye to Kylian Mbappé. pic.twitter.com/C9AXFAfcDl
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 12, 2024
Спорт
Атланта први ќе бираат на драфтот во НБА
Атланта Хокс ќе го одбере првиот играч на претстојниот НБА драфт, беше одлучено во неделата на лотаријата за топчињата, со имињата на тимовите не влегоа во овогодинешниот плеј-оф.
Атланта, која имаше само 3 отсто шанси да го освои првото место и да го избере претстојниот прв „пик“ од таа позиција, сега ќе може да го добие најдоброто што може да го понуди драфтот, барем според проценките на експертите.
Инаку, овој драфт, според експертите е еден од најслабите во последните години.
Првите 10 екипи кои ќе бираат на драфтот:
Атланта Хокс
Вашингтон Визардс
Хјустон Рокетс
Сан Антонио Спарс
Деторит Пистонс
Шарлот Хорнетс
Портланд Трејл Блејзерс
Сан Антонио Спарс
Мемфис Гризлис
Јута Џез
Спорт
(Видео) Јокиќ во МВП издание – Денвер изедначи против Минесота
Денвер Нагетс славеа во Минеаполис со 115:107. Нагетс го изедначија резултатот на 2-2 и ја вратија серијата во Денвер.
Белскаше Никола Јокиќ, актуелниот МВП мечот го заврши со 35 поени, по седум скока и асистенции и три украдени топки.
Јокиќ, поради четири лични грешки не играше во третата четвртина, а во последниот период постигна 16 поени.
Во победничкиот тим одличен беше Арон Гордон со 27 поени, Џамал Мареј постигна 19 поени, Браун 11, а Холидеј 10 поени.
Кај домашниот тим се истакна само Ентони Едвардс со 44 поени, пет скока и пет асистенции.
Петтиот натпревар ќе се одигра во среда во 4:30 по македонско време. Пред натпреварот на Јокиќ ќе му биде врачена МВП наградата.