Македонија
Регистрирани 378 нови случаи на Ковид-19 пријавено е едно починато лице
Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 7.647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1 лице.
Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1 лице.
Пријавено е едно починато лице од Скопје (71г), починатo во болнички услови.
Направени се 7.647 тестови преку: ИЈЗ-119, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-74, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово–88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 7, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–47, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-332, Биотек-506, Систина-144, лабораторија Лаор-1.236, Синлаб-174, Ремедика-33, Плодност–51, Генеа–17, Никоб лаб-1.322, ВФВ Медикал-45, Ели Медика-54, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.019.
Досега во земјата се направени вкупно 1.012.809 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 69261, Активни 474
Куманово 9035, Активни 128
Прилеп 8351, Активни 21
Тетово 7838, Активни 486
Битола 6358, Активни 46
Велес 5486, Активни 10
Гостивар 5374, Активни 176
Кавадарци 5170, Активни 13
Охрид 5048, Активни 27
Штип 4975, Активни 11
Струмица 4176, Активни 46
Струга 3007, Активни 24
Кочани 2814, Активни 18
Кичево 2658, Активни 50
Гевгелија 2197, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1528, Активни 3
Ресен 1236, Активни 2
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1172, Активни 10
Берово 1043, Активни 11
Делчево 974, Активни 0
Дебар 980, Активни 36
Виница 892, Активни 6
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 674, Активни 5
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 365, Активни 6
Пехчево 276, Активни 7
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој за првпат е во четири дневна официјална посета на државата.
На средбата беше присутен и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ).
„Во срдечната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнаа на значењето на неговата посета, како и на важноста од меѓусебното почитување и разбирање. Притоа беше изразена искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка. Во разговорот беше нагласено и значењето на зајакнувањето на врските и вредностите што ги споделуваат двете земји и народи, како и заедничката подготвеност за унапредување на институционалните односи и продлабочување на меѓусебната соработка“, соопшти Собранието.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“
ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18-ти редовен Конгрес. Од партијата велат дека овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство.
На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (правци за дејствување, развој и државно водство), како и пропратни документи на истата.
„За да опстои и да напредува, македонската држава мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија“, велат од партијата.
Македонија
Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали
Министерот за здравство, Азир Алиу, беше во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ и информира дека е во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок
„Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона сала во рамки на Ургентниот центар, со што оваа Клиника ќе добие уште една сала за помали интервенции“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу по денешната обиколка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.
На средбата со директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџаноски беа разгледани можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ и за оперативниот блок, во насока на унапредување на условите за третман на пациентите.

