Спорт
Меси низ солзи се прости од Барселона: Денеска си заминувам од дома
На емотивна прес-конференција на „Ноу Камп“, Лионел Меси се прости со Барселона, во присуство на своите соиграчи, во церемонија полна со емоции, солзи и чувство на крај на една фудбалска ера.
„Последните денови размислував што сакам да кажам, но сега немам зборови. Тука сум цел живот.. Не сум подготвен за ова. Минатата година со факсот и тие глупости знаев што сакам да кажам. Овојпат јас и моето семејство бевме сигурни дека сакаме да останеме тука, во нашиот дом. Денеска морам да се збогувам со вас, тука сум цел мој живот, од мојата 13-та година. По 21 години си заминувам со мојата сопруга, со моите три деца. Благодарен сум за сите работи, на клубот, на моите поранешни и сегашни соиграчи, толку многу луѓе. Овој град и клуб ме направија тоа што сум денеска, дадов се за овој дрес од првиот ден кога пристигнав до последниот и вистината е дека си заминувам со големо чувство на благодарност. Никогаш не замислував дека ќе заминам. Ако некогаш можам да се вратам во овој клуб и да помогнам да биде најдобар на светот ќе го направам тоа“, изјави Меси откако ги созеде солзите.
Ha sido desgarrador ver a Messi pic.twitter.com/zBmeC1NmyQ
— Guillermo Rodríguez (@guirodi) August 8, 2021
По долгиот аплауз од страна на присутните, меѓу кои беа и неговите деца и неговата сопруга, претседателот на клубот Жоан Лапорта, како и неговите соиграчи, тој одговори на неколку прашања.
„Кога претседателот Лапорта кажа да почекаме, на крајот ја чекавме Ла лига, и тоа е се што можеме да кажеме. Нема поинаква верзија. Имаше многу работи кои се кажаа за мене, дека не сакам да останам, но тоа не беше вистина. Направивме се што можевме“, одговори на прашањето што очекувал кога пред некој ден се вратил од одмор.
На директното прашање каде ќе игра следната сезона, тој не сакаше да потврди дека ќе оди во Пари Сен-Жермен.
„Промената ќе биде тешка, но ќе мора да ја прифатиме. Со моето семејство ќе одиме напред, и ќе се соочиме со предизвиците. Фрацуските медиуми објавуваат нешто, но има многу клубови кои се заинтересирани и засега нема ништо конкретно“, одговори Аргентинецот.

„Сакам луѓето да се сеќаваат на мене поради мојата игра, бидејќи го давав максимумот за мојот клуб, остварувајќи ги најдобрите моменти тука, освојувајќи многу титули, кои заедно ги прославувавме. Има многу сеќавања кои ќе останат со мене. Во мојата кариера имав многу тешки моменти, многу порази, но на крајот пред некој ден беше најтешкиот момент кога не се вратив на тренинг, кога не се вратив на теренот. Сега ќе почне новата приказна“, изјави Меси на прашањето што остава во Барселона.
За можноста во иднина да игра против Барселона: „Сите во клубот знаат каков фудбалер сум, и дека менталитетот ми е секогаш да одам на победа, така што тоа ќе продолжи и во иднина. Имав среќа што немав повреди во кариерата, и додека можам, сакам да се натпреварувам за победи и титули“.
Messi can’t believe it’s coming to an end ?
(via @FlorentTorchut)pic.twitter.com/pC9e7jtGz7
— ESPN FC (@ESPNFC) August 8, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

