Забава
„Кода“ постави темели за глувите кинопосетители

Одењето во кино не е многу забавно за глувите луѓе. Проекции на филмови со натписи се ограничени, а специјалните очила и опрема потребни за нивно читање често се скршени или недостапни.
„Кода“ – приказна за полнолетството на единствениот слушен член на семејство на глуви – ќе го промени ова кога ќе се прикаже со отворени натписи за кои нема потреба од специјална опрема во сите киносали во САД и Велика Британија, почнувајќи од петок.
„Не може да биде пореволуционерно, исто како што самиот филм е револуционерен во поддршка на заедницата на глуви и наглуви лица“, вели Марли Матлин, која глуми глувонема мајка во филмот. Таа е единствен глув актер/актерка што некогаш освоил „Оскар“ за најдобра женска уога во „Деца на помалиот Бог“ (Children of a Lesser God) во 1987 година.
Кода (CODA), акроним на англиски јазик за дете на глуви родители, освои четири награди на филмскиот фестивал „Санденс“ претходно оваа година. Исто така, од петок ќе се емитува со целосни преводи (титлови) на повеќе од 36 јазици на „Епл ТВ плус“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Лавиринт“ е новата песна на Тамара и Игор Џамбазов – речиси цела домашна естрада во еден спот

„Лавиринт“ е новиот музички хит на Тамара Тодевска и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Игор Џамбазов. Текстот на песната е напишан од Џамбазов, а музиката и аранжманот е на Роберт Билбилов (Just RB Production).
Спотот се снимаше низ скопските улици, при крајот на мај, а е во режија и продукција на Зоран Зонде Стојановски, додека за камерата беше задолжен Кристијан Теодоров. Станува збор за еден динамичен видео запис, кој ја обединува речиси целата македонска естрада. Во видеото учествуваат голем број на домашни музичари, продуценти, DJ артисти, водители, модели, актери, инфлуенсери, пријатели, соработници и дел од семејството на Тамара Тодевска.
„Среќна сум што успеав да спојам голем број на значајни луѓе за домашната културна сцена во еден видео запис. Верувајте дека договорањето одеше навистина брзо, едноставно и со сите успеавме да снимиме за неполн ден. Речиси сите учесници се и мои блиски пријатели и навистина им благодарам што ја прифатија поканата и успеа да се адаптираат за потребите на „Лавиринт“.
Идејата на ова „обединување“ беше за да се потсетиме малку на минатото, кога дружбите меѓу колегите и уметниците беа секојдневни и многу позастапени од денеска. Да се почитуваме, да соработуваме и да споделуваме квалитетна музика“, посочува Тамара.
Инаку, спотот започнува со интересен дијалог/конверзација меѓу Игор Џамбазов и Тијана Дапчевиќ, со што се дава дополнителна вредност на истиот и го прави привлечен за публиката.
– Игор и Тамара, Тамара и Игор е комбинација која функционира долго време… Тамарче ме покани да бидам дел од песната/спотот и прифатив со задоволство, а текстот го напишав пред некоја година. Се надевам дека „Лавиринт“ ќе биде слушана, а има ли поголем „лавиринт“ од нашево секојдневие!? Сите да го најдеме излезот и вистинскиот пат, а домашната сцена нека остане вака обединета и убава како во спотот, посочува Џамбазов.
Песната е достапна на сите дигитални музички платформи.
Забава
(Фото) Моника Белучи уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка

Моника Белучи го посети Филмскиот фестивал во Таормина и уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка, и тоа бројка што апсолутно ништо не значи.
Прославената актерка Моника Белучи со секое ново појавување докажува дека е единствената кралица на стилот и елеганцијата. Иако неодамна го промени својот имиџ, таа ја задржа титулата најубава.
Иако има 60 години, на нејзиниот изглед би ѝ завидувале жени неколку децении помлади, а Моника блеска на секој чекор во внимателно избрани модни изданија.
Овој пат таа избра црн фустан од тантела, кој совршено ја следи линијата на телото и има благи набори. Моника сега беше малку попровокативна отколку што сме навикнати од неа.
Целиот изглед го надополни со високи црни чевли на платформа и со чанта убедувајќи ги сите уште еднаш дека тајната лежи во едноставноста.
Забава
Магичен еликсир од вашата кујна што ја зајакнува вашата коса и ја прави побујна

Овој магичен еликсир од вашата кујна не само што ја зајакнува вашата коса туку го исполнува и вашиот дом со божествени, топли, билни мириси, што ќе ги обожавате.
Рузмарин – миризливата тајна за бујна, здрава коса
Освен што предизвикува хаос во печените компири, рузмаринот е полн со активни состојки, како цинеол и камфор, кои буквално ќе ви ја разбудат главата од зимскиот сон!
Овие природни супстанции ја стимулираат циркулацијата, ги зајакнуваат фоликулите и го забавуваат опаѓањето на косата. Со редовна употреба вашата коса ќе стане погуста, посјајна и пожива, како штотуку да сте излегле од салон!
Како сами да направите магичен тоник дома?
Состојки:
3 свежи гранчиња рузмарин
1 литар вода
1 стапче цимет
Подготовка:
Извадете ги листовите рузмарин од гранчињата.
Во тенџере загрејте ја водата до вриење, потоа намалете ја температурата и додајте го рузмаринот.
Оставете да крчка 15-ина минути – водата ќе стане темна и миризлива како СПА-третман во шише!
Процедете и истурете во шише со распрскувач.
Додајте едно стапче цимет за дополнителен поттик и топол мирис.
Како се користи?
Кога ќе ја измиете косата, испрскајте го тоникот директно врз прамните. Направете мини масажа со прстите – не мора да го правите тоа како во фризерски салон, туку оставете да дејствува барем една минута. Ова им помага на активните состојки длабоко да се апсорбираат и да ја направат својата магија.
Не се плакне! Остава благ, освежителен мирис и не ја мрси косата – идеално за секојдневна употреба.