Македонија
Пендаровски со лицата со попреченост: Неприфатливо е да бидете маргинализирани и обесправени
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими активисти за правата на лицата со попреченост од коалицијата „Менуваме“.
Лицата со попреченост и родителите на деца со попреченост на средбата ги истакнаа своите барања за подобрување на нивната целокупна состојба. Неколкуте, како што посочија, приоритетни барања, се да се зголеми износот што го добиваат како додаток на попреченост и како посебен детски додаток, понатаму да се оформи регистар за лица со попреченост и да се отворат повеќе дневни центри и центри за рехабилитација. На тој начин, потенцираат од „Менуваме“, на лицата со попреченост ќе им се гарантира соодветен животен стандард.
Активистите ги изложија и нивните заложби за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен и општествен живот. Овие права, како што потенцираа од „Менуваме“ им се загарантирани согласно со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации. Истата, подвлекоа тие, државата ја ратификуваше пред 10 години, а имплементацијата речиси и да не е започната.
Претседателот Пендаровски изрази целосна поддршка за барањата на претставниците на „Менуваме“.
„Неприфатливо е и натаму да бидете маргинализирани и обесправени“, им порача претседателот Пендаровски. Во оваа насока, претседателот Пендаровски нагласи дека, согласно со надлежностите, во континуитет ќе се заложува да се подобри положбата на лицата со попреченост и нивните семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

