Свет
(Видео) „Сникерс“ ја повлече рекламата поради обвинувања дека е хомофобична
„Сникерс“ крена многу прашина во Шпанија со својата реклама. Таа беше повлечена, а компанијата се извини за недоразбирањето што рекламата можеби го предизвикала откога рекламата од 20 секунди беше осудена во јавноста за хомофобија.
Во рекламата се гледа шпанскиот инфлуенсер Алес Гибаја како нарачува „секси сок од портокал“, а неговиот пријател разменува збунети погледи со келнерот. Келнерот потоа одговара со тоа што му понуди на Гибаја „сникерс сладолед-чоколадо“, а по еден залак, Гибаја се трансформира во брадест човек со длабок глас.
„Подобро?“, го праша пријателот. „Подобро“, одговара човекот додека раскажува нараторот, „Не си свој кога си гладен“.
El REPUGNANTE anuncio PLUMÓFOBO de Snickers. pic.twitter.com/bxtgMHh44e
— Gato (@gamomena) August 4, 2021
Државната федерација на лезбијки, хомосексуалци, транслуѓе и бисексуалци беше меѓу оние што ја осудија рекламата велејќи во твит дека „е срамно и тажно што постојат компании што продолжуваат да ги одржуваат стереотипите и промовираат хомофобија“, пишува „Гардијан“.
Се вклучи и шпанската министерка за еднаквост, Ирина Монтеро.
„Се прашувам кој би помислил дека е добра идеја да се користи хомофобијата како деловна стратегија. Нашето општество е разновидно и толерантно. Се надевам дека оние што имаат моќ да одлучат што гледаме и слушаме во реклами и ТВ-програми исто така ќе научат да бидат такви“, напиша таа на „Твитер“.
Инцидентот се случува неколку недели откако Шпанија ја потресе инцидентот во кој беше фатално претепан млад хомосексуалец. Убиството на 24-годишниот Самуел Луиз, опишан од шпанскиот премиер Педро Санчез како „дивјачки и безмилосен чин“, предизвика протести во целата земја. Во врска со случајот досега се уапсени шест лица, меѓу кои и двајца малолетници.
„Сникерс“ соопшти дека веднаш ќе ја повлече рекламата и се извини за какви било недоразбирања што би можеле да произлезат од кампањата.
„Во оваа кампања сакавме на пријателски и весел начин да пренесеме дека гладот може да го промени карактерот. Во ниту еден момент немаше намера да се стигматизира или навреди некое лице или колектив“, се вели во соопштението објавено на интернет.
„Признаваме дека направивме грешка и веднаш ја отстранивме содржината од интернет. Земаме права и вклучување сериозно, сакаме свет во кој секој е слободен да биде свој и веруваме дека како работодавец и огласувач имаме улога и одговорност во создавањето таков свет. Ќе ја искористиме можноста да слушаме и да учиме од оваа грешка и да бидеме подобри во иднина“, рече портпаролот на компанијата, Марс Вригли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos
Свет
САД ја проширија листата на држави: гаранција до 15.000 долари за американска виза
Државјаните на уште 25 земји, меѓу кои и Венецуела, може да мора да положат гаранција до 15.000 долари за да добијат американска виза, соопшти американскиот Стејт департмент. Со ова, листата опфаќа вкупно 38 држави, претежно од Африка, Латинска Америка и Јужна Азија. Новите правила стапуваат на сила на 21 јануари.
Гаранцијата ќе изнесува 5.000, 10.000 или 15.000 долари и ќе се утврдува при интервјуто за виза Б1/Б2, а уплатата ќе се врши преку платформата Pay.gov. Мерката е дел од пилот-програма започната во август, чија цел е да се спречи пречекорување на дозволениот престој.
Администрацијата на Доналд Трамп ја оправдува мерката со зајакнување на безбедноста, додека организациите за човекови права ја критикуваат како рестриктивна.
Фото: pexels

