Македонија
Нови 518 заболени и четворица починати од коронавирус
Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.
Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.
Направени се 5.809 тестови преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-114, ЦЈЗ Прилеп-31, ЦЈЗ Тетово–73, ЦЈЗ Куманово–85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8 Септември-12, Институт за микробиологија–45, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-242, Биотек-241, Систина-90, лабораторија Лаор-622, Синлаб-79, Ремедика-17, Плодност–76, Генеа–8, Никоб лаб-830, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.805.
Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 69649, Активни 832
Куманово 9099, Активни 180
Прилеп 8358, Активни 28
Тетово 8026, Активни 662
Битола 6387, Активни 69
Велес 5494, Активни 18
Гостивар 5501, Активни 294
Кавадарци 5183, Активни 25
Охрид 5072, Активни 51
Штип 4980, Активни 15
Струмица 4204, Активни 72
Струга 3039, Активни 56
Кочани 2822, Активни 26
Кичево 2723, Активни 115
Гевгелија 2199, Активни 2
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1530, Активни 3
Ресен 1240, Активни 6
Крива Паланка 1229, Активни 2
Радовиш 1178, Активни 14
Берово 1048, Активни 15
Делчево 977, Активни 3
Дебар 1008, Активни 54
Виница 895, Активни 9
Пробиштип 791, Активни 2
Валандово 677, Активни 8
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 397, Активни 1
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 370, Активни 11
Пехчево 278, Активни 7
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

