Македонија
Почина актерката Сабина Ајрула-Тозија

На 75-годишна возраст синоќа во Скопје, по кратко боледување, почина актерката Сабина Арјула-Тозија. Ајрула Тозија својот работен стаж го почна во Драмскиот театар – Скопје каде што се вработи во 1967 година по завршувањето на средното образование во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје.
Покрај во Драмскиот театар – Скопје, Ајрула-Тозија играше и во други театри низ Македонија, како и во независни театарски продукции.
Остави силен печат на македонската театарска сцена преку улогите во претставите „Болва во уво“ од Жорж Фејдо, Гертруда во „Хамлет“ од Шекспир, „Дамите од Аламо“ од Пол Зиндел, Хекуба во „Орест“ од Еврипид и многу други.
Повозрасната македонска публика ја памети во улогата на Фатиме во „Солунски патрдии“, телевизиска серија на Миле Попоски во режија на Коле Ангеловски снимена во 1985 година. Но и помладите генерации ја запознаа актерската игра на Ајрула-Тозија преку телевизиската серија Зоки Поки снимена по истоимената книга на писателката Оливера Николова. Во оваа серија, која почна со снимање во 2019 година, Ајрула-Тозија преку ликот на баба Оле успеа да им се приближи и на младите генерации гледачи.
Ајрула-Тозија глумеше и во многу македонски филмови снимени од крајот на шеесетите години, до неодамна. Меѓу првите филмови во кои глумеше македонската актерка е „Време без војна“, филм сниман во 1969 година. Во нејзиниот актерски опус се запишани и филмовите „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Сенки“ и многу други.
Последните години Ајрула-Тозија беше ангажирана во турската филмска индустрија. По улогата на Афифе Хатун во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, таа да играше и други улоги на тамошната сцена. Меѓу последните беше ТВ-серијата „Ескија“ каде го играше ликот на Хајрије Чакирбејли.
Ајрула-Тозија е родена во Скопје на 17 април 1946 година. Покрај животот поминат пред камерите и на театарските сцени, далеку од нив Сабина водеше исполнет живот меѓу семејството и бројните пријатели. За сите нас, за оние кои ја знаат преку камерите или театарот и за нас кои ја знаеме лично, длабоко ќе ни недостига. Вечна и слава, нека ѝ е светол патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шукова: ВМРО ДПМНЕ брутално го осквернави идентитетот и архитектурата на Скопје, време е да му го вратиме ликот на вистинска метропола

„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола, град кој ќе биде пристапен и функционален“, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова. Според нејзината визија за центарот на градот, се предвидува затворање на сообраќајот и ставање на јавниот простор во функција на пешаците, туристите, велосипедистите, не на автомобилите.
„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола – град кој ќе биде пристапен и функционален. Мојата визија за „Мал ринг“ е суштинска промена на центарот на градот. Проект кој подразбира затворање на мал ринг за сообраќај, адаптиран за пешаците и велосипедистите. На Рекорд ќе има дозвола за превоз само за ЈСП и специјални возила. Ќе го заживееме јавниот простор со урбана опрема и ќе воведеме посебни содржини. Центарот многу брзо ќе го добие ликот како што заслужува нашето Скопје и ќе го врати сјајот на метропола“, рече Шукова.
Порача дека Скопје сега е задушен град поради неуспешните импровизации на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска.
„Централното градско подрачје, познатиот „Мал ринг“ кој е срцето на Скопје, сега е задушен, поради деструктивните импровизации на ВМРО ДПМНЕ и незаинтересираноста на нивната менаџерка Данела Арсовска. ВМРО ДПМНЕ брутално го осквернави идентитетот и архитектурата на Скопје – скапо платен со народни пари, а со трајни последици по јавниот простор. Денес, строгиот центар на Градот е задушен од објекти, прекумерен сообраќај и без соодветна инфраструктура за пешаците и велосипедистите. Тоа време мора да остане зад нас! “, изјави Шукова.
Македонија
Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за самитот на ОБСЕ, каде што е сѐ чисто, вели Османи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека коалицијата „Вреди“ ги има добиено анкетите, во кои, како што нагласува, јасно се гледа дека разликата меѓу него и нивниот кандидат изнесува 10 %.
„И сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината“, изјави Османи.
Османи потсети дека уште пред да заврши самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.
„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на ‘Борис Трајковски’, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата“, појасни Османи.
Истакна дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по што јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет“, истакнува Османи.
Македонија
(Видео) Лефков: СДС преку „Еразмус+“ ја финансирале и сопругата на Апасиев – пред камери противници, зад камери соработници

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев, Тамара Јованов Апасиева, добива европски пари.
Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии“.
Лефков прашува, како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС.
„Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица?
Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции?
Дали оваа соработка СДС – Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС“, додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.