Спорт
Хоуп Соло: Лекарите ни даваа анти-депресанти како бонбони
Поранешната голманка на американската фудбалска репрезентација, Хоуп Соло вели дека тимските лекари постојано им давале анти-депресанти („Ксанакс“) додека играше за репрезентацијата со која освои една светска титула и две олимписки злата.
Соло зборуваше за дебатата околу менталното здравје на спортистите по случаите со јапонската тенисерка Наоми Осака (која одби да дава интервјуа за време на Ролан Гарос) и американската гимнастичарка Симон Бајлс (која се откажа од повеќе дисциплини во Токио).
„Луѓето се свесни за маките и притисокот низ кој поминуваат спортистите на највисоко ниво. Мислам дека направивме голем прогрес околу тоа, бидејќи лекарите претходно ни делеа ‘Ксанакс’ како да се бонбони. Тоа беше рутина кога бевме во странство, на пример на Светското првенство во Кина во 2007. Ќе ти тропнат на врата, ќе ти дадат нешто за спиење поради нервите и стресот. Тоа многумина уште не го сфаќаат. Понекогаш е тешко да се смееш пред камери, а тоа се очекува од спортистите“, вели Соло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бјелица доби отказ
Фудбалскиот клуб Унион Берлин соопшти дека му ја врачил оставката на хрватскиот тренер Ненад Бјелица по серијата лоши резултати во Бундес лигата.
Челниците на Унион решија да го заменат Бјелица по поразот од Бохум (3:4) во 32. коло од Бундес лигата.
Хрватскиот тренер го презеде тимот од Берлин во ноември минатата година, откако беше отпуштен oд Урс Фишер.
Унион Берлин моментално е на 15. место на табелата во германскиот шампионат со 30 бодови.
Во соопштението на клубот се наведува дека тимот до крајот на сезоната ќе го води Марко Гроте.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и убеден сум дека ќе успееме да избегнеме испаѓање од Бундеслигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека сме способни за опстанок“, изјави Гроте, а пренесува официјалниот сајт на клубот.
До крајот на сезоната во Бундеслигата, Унион следната сабота му гостува на Келн, а потоа на 18 мај на домашен терен го пречекува Фрајбург.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.