Спорт
„Јорганџиите“ подготвиле 50 милиони евра за Влаховиќ
Иднината на српскиот фудбалски напаѓач Душан Влаховиќ во Фиорентина се очекува да биде позната наредните денови.
„Виолетовите“ подготвија нов договор за голгетерот зад кого е одлична сезона во Серија А, но постои можност да дојде до пресврт, па наместо во Италија, Влаховиќ да продолжи да тресе мрежи во Шпанија.
Познатиот италијански новинар,Џанлука ди Марцио открива дека во Фиорентина стигнала понуда од Атлетико Мадрид.
„Интересот од Атлетико Мадрид за Србинот е сѐ посериозен. Подготвија прва понуда за него и набргу ќе ја испратат. На маса во Фиренца ќе стигне понуда од 50 милиони евра. Во клубот се подготвени да направат разговор со играчот и со неговиот агент. Сѐ би можело да биде решено набргу“, порача Италијанецот.
Влаховиќ минатата сезона постигна 21 гол на 37 меча и не е чудо што постои голем интерес за него од европските клубови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал без Чуамени во финалето на ЛШ
Голем хендикеп за тимот на Карло Анчелоти.
Првотимецот на Реал Мадрид Аурелиен Чуамени ќе го пропушти претстојното финале во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд поради повреда на стапалото, изјави тренерот на клубот Карло Анчелоти.
„Нема да биде подготвен за финалето, ќе се фокусира на рехабилитацијата за да биде подготвен за ЕП“, изјави Анчелоти.
Чуамени се повреди на реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
Финалето во Лигата на шампионите е закажано за 1 јуни.
Спорт
(Видео) Трипл-дабл на Дончиќ и кош за победа, Далас води 2-0
Далас Маверикс ја совлада Минесота Тимбервулвс со 109:108 во вториот натпревар од финалето на Западната конференција. Маверикс со вториот брејк водат 2-0.
Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар, кој го круниса со тројка за победа на четири секунди до крајот на натпреварот.
Далас имаше минус од два поени, Лука ја зеде топката и постигна „степ бек“ тројка преку Руди Гобер за 109:108. Минесота се обиде преку Наз Рид, но тој не успеа да погоди.
LUKA 3-POINTER IN THE CLUTCH TO TAKE THE LEAD WITH 3 SECONDS LEFT IN THE 4Q 🤯🎯
DAL-MIN (1-0) | 4Q Live on TNT pic.twitter.com/6hNV77J8aV
— NBA (@NBA) May 25, 2024
Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 10 скока и 13 асистенции, Кајри Ирвинг го следеше со 20 поени, од кои 13 постигна во четвртата четвртина, Гафорд постигна 16, Лајвли 14, а Вашингтон 10 поени.
Во поразениот тим повторно потфрли Ентони Едвардс со 21 поен и само 5-17 од поле, Рид постигна 23, Конли 18, а не се прослави ниту Таунс со 15 поени и 4-16 од поле.
Спорт
Хет трик на Довбик – Џирона со седм гола ја испрати Гранада во Сегунда
Во вториот натпревар од последното 38. коло на шпанската Примера, фудбалерите на Џирона ја декласираа Гранада со 7:0.
Џирона во голем стил ја заврши најуспешната сезона во клупската историја. Екипата од Каталонија е трета на табелата и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Три гола постигна Украинецот Артем Довбик, кој сега е прв стрелец во лигата со 24 гола, еден повеќе од Норвежанецот Александар Серлот од Виљареал.
Во победата два гола постигна вториот Украинец Циганков, односно Гарсија и Стуани.