Спорт
Лукаку официјално во Челси – 5 години и 12 милиони евра од сезона

Белгискиот фудбалски напаѓач Ромелу Лукаку повторно е играч на лондонски Челси. Тој се враќа на „Стемфорд Бриџ“. Тој во првиот ангажман кај „сините“ одигра само 15 натпревари, но не постигна гол.
Челси на Интер за неговиот ангажман му плати 115 милиони евра – рекодна сума за играч од Серија А.
Платата на Белгиецот ќе е 12 милиони евра годишно, без бонусите. Потпиша петгодишен договор.
Welcome home, @RomeluLukaku9. ?#LukWhosBack pic.twitter.com/P43CAIVqfU
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 12, 2021
„Среќен и благословен сум што се враќам во овој прекрасен клуб. Јас сум навивач на Челси од дете. Челси перфектно се вклопува во моите амбиции, а доаѓам откако ја освоив Серија А и оваа шанса доаѓа во вистинско време, па сега може да имаме многу успех заедно“, рече тој.
Големата финансиска криза што го погоди Интер е причината, по тренерот Антонио Конте, да си замине и Лукаку, но и Ашраф Хакими (за 60 милиони евра се пресели во ПСЖ).
Челси оваа година заработи 35 милиони евра, најмногу (29,2 милиони евра) од продажбата на Фикајо Томори во Милан.
Лондонскиот клуб, кој минатата сезона ја освои титулата во ЛШ во трите последни преодни рокови, донесе засилувања за повеќе 362 милиона евра.
OFFICIAL. Confirmed. Romelu Lukaku joins Chelsea on a permanent deal from Inter for €115m fee. He’ll receive €12m net/season plus add ons as salary. ?? #CFC
Biggest sale in Serie A history. Big Rom’s back at Stamford Bridge. pic.twitter.com/qPcDSVAhaR
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 12, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.