Македонија
МЗ: Ниеден вакциниран меѓу починатите од ковид минатата недела

Министерството за здравство соопшти дека почнува со редовни анализи на неделно ниво, кои секој петок ќе го објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид-19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
„Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани се позитивни, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид-19, ниту еден од нив не бил вакциниран“, се наведува во извештајот.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Во гасење на пожарот кај Желино се вклучија авионите на ДЗС

Во атарот на селото Церово, Општина Желино избувна пожар, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
„На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Моментално на терен активно дејствуваат авионите „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување во гасење на пожарот“, вели Али.
Тој додава дека ЦУК е во постојана координација со сите надлежни служби и состојбата се следи во реално време.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов кажа дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила,а утре си оди и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада.
Македонија
(Видео) Нов пожар избувна кај тетовско Желино

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино.
Повеќе информации се очекуваат подоцна во текот на денот.
Претходно денеска Ангелов кажа дека нема активни пожари. Тој информираше и дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила,а утре си оди и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и го држат на функција, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и главниот обвинител Коцевски, играа пинг-понг во јавноста, се до моментот кога тој требаше да си замине од позицијата, па СДС мораше јавно да истапи и да го брани, за да се спасат себе си. Кога граѓаните се прашуваат до каде е случајот, треба да знаат дека е на линија помеѓу главниот обвинител Коцевски и СДС. Вторите лажно го напаѓаа првиот, за да создадат привид во јавноста, операција која не им успеа затоа што мораа да го бранат во Собрание, да не останат без него“, вели Петрушевски.
Тој додава дека „на фолирањето на СДС му дојде крај. Не додржаа ниту еден месец, па СДС мораше да се соголи, и да покаже дека ќе направат се само главниот обвинител, Љупчо Коцевски, да остане на позиција“.
„Сега е многу очигледно и зошто СДС држеше пресови за Кочани, каде со лажно душегрижништво го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, а всушност договорени со нивниот обвинител Коцевски, сакаа да креираат хаос. Сите обиди за хаос и сценарија на СДС се изјаловија. Секој може да види каде е вистината, а таа е дека СДС го спаси главниот обвинител Коцевски, кој има задача да ги спасува нив од одговорност, но и да им креира наративи за политички прес-конференции, како во случајот со Кочани“, истакна пратеникот Петрушевски.