Свет
(Видео) Гневна толпа нападна осомничен за подметнување пожари во Алжир, го претепаа и го запалија
Алжирското Обвинителство нареди истрага за смртта на маж што бил линчуван од толпа откога бил oсомничен за подметнување пожари што го зафатија планинскиот регион на оваа земја.
Во пожарите во Алжир загинаа најмалку 69 луѓе во планинскиот регион населен со Бербери, а убиството се случило во провинцијата Тизи Узу, на околу 150 километри источно од главниот град на Алжир.
Во тој регион имаше најголем број жртви, а убиениот е идентификуван како 38-годишниот Џамел Бен Исмаил, пренесува АП.
Локалниот обвинител по повод овој настан издаде соопштение, кое го пренесе алжирската државна новинска агенција во четвртокот откако во средата на социјалните мрежи се појави видео, во кое се гледа убиство на лице што беше линчувано и запалено.
Обвинителот наредил итна истрага за случајот со цел да се идентификуваат напаѓачите и да се изведат пред суд, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението се наведува и дека група луѓе ја нападнале полициската станица каде што била чувана жртвата и успеале да го извлечат по што го претепале и на крајот го запалиле.
Полициските службеници што интервенирале за заштита и помош на жртвата биле повредени.
„Амнести интернешнл“ ги повика алжирските власти веднаш да го истражат ова убиство и со тоа да испратат јасна порака дека ваквото насилство нема да остане неказнето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

