Македонија
Десет починати и 792 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19 од кои, најмногу – 245 во Скопје, Тетово – 136, Гостивар – 127, Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37, Охрид и Дебар по 23, Струга – 16, Битола – 15, Ресен – 11, Велес – 9, Штип – 8, Радовиш – 7, Прилеп, Кочани и Делчево по 5, Кавадарци и Виница по 4, Свети Николе и Берово по 2 и по еден заразен во Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Дојран.
Во изминатите 24 часа пријавени се и 10 починати лица: 4 починати од Гостивар (44, 65, 69 и 74 години), тројца од Скопје (33, 71 и 83 години), двајца од Тетово (67 и 84 години) и едно починато лице од Куманово (60). Сите починати лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 104 оздравени пациенти од Скопје – 31, Тетово – 26, Гостивар – 16, Куманово – 8, Кичево, Струмица и Берово по 3, Велес, Штип, Кочани, Кавадарци и Пехчево по 2 и по еден од Битола, Радовиш, Прилеп и Македонски Брод.
Направените 9.270 тестови се преку: ИЈЗ-198, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–89, ЦЈЗ Куманово–99, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-3, УК Пулмологија со алергологија – 2, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–103, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-581, Биотек-578, Систина-163, лабораторија Лаор-1.304, Синлаб-56, Ремедика-24, Плодност–76, Генеа – 18, Никоб лаб-1.497, ВФВ Медикал-65, Ели Медика-105, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.888.
Досега во земјата се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 161.359, бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542, а бројот на активни случаи изнесува 5.043.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 70559, Активни 1.677
Куманово 9249, Активни 313
Прилеп 8375, Активни 41
Тетово 8487, Активни 1079
Битола 6436, Активни 110
Велес 5521, Активни 42
Гостивар 5915, Активни 668
Кавадарци 5206, Активни 46
Охрид 5139, Активни 118
Штип 5004, Активни 36
Струмица 4331, Активни 193
Струга 3095, Активни 112
Кочани 2838, Активни 38
Кичево 2882, Активни 266
Гевгелија 2200, Активни 3
Неготино 2186, Активни 2
Свети Николе 1539, Активни 11
Ресен 1264, Активни 30
Крива Паланка 1232, Активни 5
Радовиш 1194, Активни 29
Берово 1063, Активни 25
Делчево 985, Активни 11
Дебар 1066, Активни 112
Виница 906, Активни 19
Пробиштип 791, Активни 2
Валандово 688, Активни 18
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 401, Активни 1
Демир Капија, Активни 399 3
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 382, Активни 22
Пехчево 282, Активни 9
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 133, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

