Црна хроника
Вкупно три жртви во пукањето во еврејскиот центар во САД
Бројот на жртвите во инцидентот во еврејскиот центар во американскиот град Оверленд Парк, во сојузната држава Канзас, и во блискиот станбен блок, се искачи на тројца убиени, пренесува ноќта кон понеделникот Associated Press повикувајќи се на локалните власти.
Претходно локалната полиција јави за двајца загинати и еден ранет.
Како што изјавил претставникот на градската противпожарна служба Џејсон Родс, едно лица „од интерес за истрагата” е приведени. Според информациите на локалната телевизија KMBC-TV, полицијата го привела осомничениот недалеку од основното училиште „Valley Park Elementary School”. Локалните медиуми истакнуваат дека при приведувањето тој извикувал нацистички пароли. За мотивите на осомничениот, сѐ уште официјално не е потврдено.
Центарот на еврејската заедница во Оверленд Парк го потврдил инцидентот. „Инцидент во кој имаше пукање се случи во центарот на еврејската заедница, недалеку од влезот во ‘White Theatre’. На местото на настанот има полиција. Кога ќе добиеме подетални информации, ќе ги споделиме со јавноста. Ви благодариме за вашите молитви”, се наведува во соопштението на центарот објавено на официјалната страница на Facebook.
Како што додава агенцијата, областа околу центарот е блокирана и се води опсежна истрага. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

