Македонија
Скопскиот аеродром ја доби ASQ наградата за најдобар аеродром во Европа
Организацијата Airports Council International (ACI) го награди скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ со ASQ-наградата за најдобар аеродром во Европа во 2015 година за квалитетот на услугите, во категоријата на аеродроми под два милиона патници.
Организацијата Airports Council International (ACI) го награди скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ со ASQ-наградата за најдобар аеродром во Европа во 2015 година за квалитетот на услугите, во категоријата на аеродроми под два милиона патници.
Аеродром ,,Александар Велики’’ трет пат ја добива оваа награда, откако претходно му беше доделена во 2012 и во 2013 годин.Водечката светскa бенчмарк програма на ACI (Airports Council International), која ги анализира услугите кои на патниците им ги нудат аеродромите, ги објави добитниците за квалитет на аеродромските услуги Airport Service Quality (ASQ) во понеделник вечер во Монтреал, Канада, по обработката на над 550.000 длабински направени анкети на над 300 аеродроми, во повеќе од 80 земји во светот во текот на минатата 2015 година. Резултатите од 2015 година ги претставуваат најдобрите аеродроми во нивната класа, каде што е забележано подобрување на патничкото искуство токму од страна на патниците кои се анкетираат додека патуваат и додека нивните искуства и впечатоци се свежи. „Многу сме горди што ја добивме ASQ (Airport Service Quality) наградата за најдобар аеродром во 2015 година во Европа, што е трет пат како го добиваме ова престижно признание, по наградите кои го добивме во 2012 и 2013 година. Ова е потврда на нашата посветеност на патниците и авиокомпаниите, како и на зголемениот број на нови линии и подобрените услуги, за кои сме благодарни за напорите кои ги направија нашите партнерски компании BTA- која оперира со угостителските услуги, ATU- која оперира со бесцаринските продавници, ТAV IT – која ги управува информациско-комуникациските услуги, како и TAV MOS – која менаџира со останатите оперативни услуги. ASQ наградата за квалитет на услугите за 2015 година, ќе нè мотивира, како аеродромски оператор да продолжиме со подобрувањето и иновациите во вкупната понуда на аеродромски услуги“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.Покрај скопскиот аеродром како победник за корисничкото задоволство на патниците во Европа, во категоријата на аеродроми под два милиона патници, на другите континенти, победници се аеродромот Апингтон во Африка, Портланд во Северна Америка и Кулиакан во Латинска Америка (Кариби).„Аеродромите сè повеќе се фокусираат да осигураат ѕвездено искуство за патниците и тоа е дел од еден голем тренд. Аеродромите станаа комплексни, корисничко-фокусирани бизниси кои во многу случаи преку услугите се натпреваруваат еден со друг за поголем сообраќај. Од бесцаринските продавници и рестораните, до амбиентот, чистотата, љубезноста на персоналот, удобностите, ефикасноста и повеќе, патниците очекуваат големи нешта на аеродромите преку кои патуваат. Повеќе од ова, ASQ е начин со кој учесниците – аеродромите мерат до кое ниво тие ги исполнуваат овие очекувања“, потенцира Ангела Гитенс, генерален директор на ACI World.Анкетите на ASQ покриваат 34 клучни области на услуги и вклучуваат осум главни категории, како што се пристапот, чекирањето, безбедноста, аеродромските објекти, храната и пијалоците, малопродажбата и друго. Сите аеродроми кои учествуваат ги користат истите анкетни прашања, создавајќи стандард од прашања и одговори во индустријата, кои им овозможуваат на учесниците (аеродромите) да ги следат и анализираат сопствените перформанси, како и да ги споредуваат резултатите со сите аеродроми на светско ниво.Свечената церемонија за доделување на ASQ – наградите на најдобрите аеродроми во 2015 година ќе се одржи годинава во април, на регионалното собрание на ACI за азиско-пацифичкиот регион, во Голд коуст, Австралија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

