Македонија
(Видео) Шахпаска: Бројот на вакцинирани вработени во скопските градинки порасна на 65 проценти
Бројот на вакцинирани вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 проценти, соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје.
Средбата со директорите на градинките се организира во пресрет на септември, кога се очекува зголемен обем на присуство на децата во градинките.
„Упатувам апел до вработените во градинките коишто досега не успеале од различни причини да се имунизираат, да пристапат кон процесот на вакцинација. Нивната одговорност е особено значајна, бидејќи тие пред сè со личната заштита се грижат за сопственото здравје, а со тоа придонесуваат за зачувување на јавното, општото здравје. Со доследното почитување на препораките на здравствените власти во градинките придонесуваме и за здравјето на децата“, нагласи Шахпаска, која на средбата со директорите посочи дека вработените во градинките треба доследно да го спроведуваат Протоколот за работа во услови на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.
Македонија
Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, партијата Левица, коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, коалицијата „Вреди“, движењето ЗНАМ, партиите Родина, Македонска Ера Трета, Демократи, Единствена Македонија, Нова Алтернатива, Аваја, Твоја, Десна, Работничката партија, како и за групата избирачи Џула Челику.