Македонија
296 нови случаи на Ковид-19, починаа 8 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на Ковид-19 од кои во Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип по 2 и по еден во Велес, Кавадарци, Виница и Кратово.
Во изминатото деноноќие регистрирани се 8 починати лица: тројца од Гостивар (54, 69 и 78 години), по двајца од Струга (69 и 74 години) и Тетово (44 и 51 година) и едно лице од Кочани (74). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, по двајца во Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево и еден во Велес.
Направените 3.480 тестови се преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-1, ЦЈЗ Куманово–2, УК Пулмологија со алергологија – 1, Институт за микробиологија–101, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Авицена-86, Биотек-94, Систина-94, Синлаб-27, Никоб лаб-796, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-42, Ројал Медика – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.997.
Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 162.457, бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.
Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 70938, Активни 2001
Куманово 9310, Активни 363
Тетово 8628, Активни 1172
Прилеп 8385, Активни 51
Битола 6453, Активни 124
Гостивар 6116, Активни 820
Велес 5535, Активни 55
Кавадарци 5216, Активни 50
Охрид 5176, Активни 155
Штип 5020, Активни 52
Струмица 4393, Активни 249
Струга 3116, Активни 131
Кичево 2951, Активни 330
Кочани 2844, Активни 42
Гевгелија 2200, Активни 3
Неготино 2188, Активни 4
Свети Николе 1546, Активни 18
Ресен 1268, Активни 34
Крива Паланка 1232, Активни 5
Радовиш 1201, Активни 34
Дебар 1088, Активни 123
Берово 1065, Активни 27
Делчево 985, Активни 11
Виница 909, Активни 21
Пробиштип 793, Активни 4
Валандово 689, Активни 19
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 402, Активни 2
Демир Капија 399, Активни 3
Македонски Брод 383, Активни 23
Кратово 379, Активни 2
Пехчево 282, Активни 7
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 133, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи
Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи и затоа Македонија се соочува со последици кои никогаш не смееле да се дозволат, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оливер Спасовски не го одзел овластувањето на станицата за технички преглед во Сарај, иако имало официјален извештај со констатирани неправилности, тој не презел мерки во законскиот рок, туку реагирал дури три месеци подоцна, со што директно овозможил фирмата да се здобие со противимотна корист од 5,5 милиони денари. Уште потрагично е тоа што, Оливер Спасовски реагирал дури три дена по трагедијата во Бугарија во која загинаа наши 45 сограѓани, со автобусот кој поминал технички преглед во истата оваа фирма во Сарај. Дали доколку Оливер Спасовски реагирал навремено ќе била спречена оваа трагедија?“, праша Манасиевски.
Тој, исто така, праша дали Спасовски имал некаков договор со фирмата и затоа им овозможил дополнително работење за да може и тој да ќари?
„Дали Оливер Спасовски во страв и паника веднаш по несреќата го одземал овластувањето затоа што имал грижа на совест? ДКСК во 2023 година утврдила одговорност и побарала од владата да се разреши Оливер Спасовски или самиот тој да си поднесе оставка. Вакви институционални пропусти со тешки последици не смееле да се случат. Сите треба да знаат кој стоел на позицијата што требало да ја штити безбедноста на граѓаните“, рече Манасиевски.
Македонија
(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите деца.
Наместо студен камен, како што додаваат, избрале да засадат дрвја што ќе растат и ќе сведочат за постоењето на нивните деца, како симбол на живот, надеж и сила, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени.
Семејствата им се заблагодарија на сите кои дале поддршка и солидарност во најтешките моменти, истакнувајќи дека токму таа поддршка ја покажува општествената одговорност и човечност, и дека од болката заеднички е создадено нешто трајно, достоинствено и исполнето со љубов.
Македонија
„Зелен хуман град“: Орце Ѓорѓиевски се прогласи за ненадлежен да го заштити Скопје од детонации
На последната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отфрли Иницијативата на „Зелен хуман град“ за забрана на огномет на територија на градот велејќи дека Советот бил „ненадлежен“, најомиленото образложение на функционерите во Македонија, државата во која никој не е надлежен за ништо. Споредбата за наводната ненадлежност Ѓорѓиевски ја доведе до апсурд со изјавата дека тоа било исто како Советот на Скопје да забранува абортус, соопштија од Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“.
Од друга страна, велат од таму, Општина Кавадарци на почетокот на декември донесе одлука да ги слави празниците годинава без огномет.
„Иако во иницијативата доставена до Советот на Град Скопје беше експлицитно наведена надлежноста според Закон за Град Скопје во чијшто член 10 е прецизирана обврската што нашата локална самоуправа ја има да ги заштити водата, почвата, воздухот, да спречи нивно загадување, да спречи бучава, за градоначалникот таа надлежност не постои?! Неговото образложение беше дека МВР спречувале неовластено користење огномети. МВР исто така се надлежни за неовластено палење отпад и загрозување на животната средина со неовластено одлагање отпад, па тоа не ја намалува обврската и надлежноста на Градот да собира отпад и во својата одлука за комунален ред да уредува начини за негово прописно одлагање. Ако Градот забрани на својата територија кој било да користи огномети, петарди и останати експлозивни материи, тоа не одзема од надлежноста на МВР туку додава“, велат од „Зелен хуман град“.
Според нив, со ова скопјани добија сигнал дека здравјето на граѓаните, ранливите групи и животните е помалку важно од политички калкулации.
„Детонации на секои пет минути не се празнување. Детонации на секои пет минути се вознемирување, разболување и смртни последици за животните. Тоа го знае секое семејство со дете со аутизам, секој хронично болен човек, секој граѓанин што не може да спие, секој што си го бара правото на мир и достоинство“, се наведува во соопштението.

