Македонија
Автокоманда и Ченто се спојуваат со велосипедска патека

Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба е во тек. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.
„ Градот Скопје во текот на оваа година надмина 100 километри велосипедски патеки. Освен на оваа делница, каде што сме денеска, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, кој заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски, изврши увид во градежните работи на оваа значајна велосипедска делница.
Шилегов ги повика граѓаните во своето секојдневно движење да користат велосипеди или јавен превоз со што ќе придонесат за поздрава животна средина.
Градот Скопје минатата година целосно го реконструираше коловозот на булеварот Александар Македонски во должина од 5.300 метри кој е од исклучително значење бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.
Македонија
Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во услови кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го компромитираат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и институционално зајакнување, а не секојдневни политички турбуленции“, додаде тој.