Македонија
Шахпаска: Суштината на социјалната реформа е помош на корисниците во сиромаштија и оспособување за работа
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети Центарот за социјална работа (ЦСР) Велес. На средбата со социјалните работници министерката се информираше за тоа како се одвива спрведувањето на социјалната реформа донесена во 2019 година. Новиот начин на работа во Центрите за социјална работа претставува работа со семејството, коешто е во ризик, во целина со сите парични права, но и со сите услуги што треба да ги завршат социјалните работници.
„Со вработените разговаравме околу тоа како стручните работници излегуваат на терен и покрај пандемијата, со цел да одговорат на потребите на граѓаните. Исто така разговаравме и за новиот пристап на работа која значи не само пасивно примање на паричните права туку и работа со семејството со цел тоа да се извлече од ризик“, рече Шахпаска.
Министерката потенцираше дека суштината на социјалната реформа не е регрутирање на поголем број корисници, туку нивно вадење од сиромаштија и преку процесот на активација нивно оспособување за работа преку Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување.
Обврската е голема, рече министерката бидејќи центрите за социјална работа се првата станица на која најранливите групи на граѓани се обраќаат за помош. Уште поголема е обврската на ЦСР Велес бидејќи во неговата рамка се и Дневниот центар за деца и лица со телесна или ментална попреченост, Деневен центар и клуб за стари и возрасни лица во општините Чашка и Богомила, Цетар за жртви од семејно насилство т.е. шелтер-центар. Во рамките на Центарот функционира и услугата за персонална асистенција на лица со попреченост и Народна кујна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.