Спорт
Петраков е наследникот на Шевченко во Украина
Фудбалскиот сојуз на Украина за наследник на Андриј Шевченко на селекторската позиција во А-селекцијата го именуваше 64-годишниот Олександр Петраков кој пред 2 години ја водеше украинската селекција У-20 до светската титула.
Од Сојузот не објавија до кога е важноста на Петраков на оваа позиција, но соопштија дека новиот кормилар ќе ги предводи репрезентативците на септемвриските мечеви од квалификациите за Мундијалот во Катар во 2023 година.
Украина на 1 септември гостува кај Казахстан, додека три дена подоцна ќе го нагости светскиот шампион, Франција во Киев.
По 3 одиграни меча во мундијалските квалификации во групата Д, Украина е втора со 3 бода. Ремизираше и со Франција, и со Финска и со Казахстан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ландо Норис го победи Ферстапен на ГН на Мајами
Ландо Норис ја забележа првата победа во кариерата. Возачот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мајами. Ова е прва победа за Мекларен од 2021 година кога Даниел Рикардо победи во Монца. Норис во Мајами победи пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Норис, трката во Мајами ја стартуваше од петтата позиција, која ја загуби на стартот, но како што одминуваа круговите тој беше најбрзиот човек на патеката. Најбрзиот круг го возеше во 25 круг, кога дел од неговите конкуренти ги сменија гумите.
За одличното возење го „погледна и среќата“. Поради инцидентот меѓу Магнусен и Сарџент, во 28.круг на патеката излезе возилото за безбедност. Норис го искорсти влезе во боксот и се врати на челната позиција.
Откако возилото за безбедност ја напушти патеката, Норис на чиста брзина ја доби борбата со Ферстапен.
Британецот со деби победата ја прекина доминацијата на Ферстапен во Мајами, кој имаше шест последовни победи на оваа патека.
Бодови во Мајами освоија: Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.