Забава
Шварценегер бојкотиран од бренд за спортска исхрана по коментарот „По ѓаволите со вашата слобода“
Компанија за спортска исхрана со седиште во Флорида, под назив REDCON1, во вторникот објави дека целосно ја прекинува поддршката за фитнес-настаните на Арнолд Шварценегер, по жестоките пораки на бодибилдинг-иконата упатени кон антиваксерите во неодамнешниот разговор со Си-ен-ен.
Минатата недела актерот и поранешен гувернер на Калифорнија зазеде цврст став за заштита среде пандемија додека зборуваше со Бијана Голодрајга од Си-ен-ен.

„Вирусот е тука. Тој убива луѓе и единствениот начин како да го спречиме е: вакцинирајте се, носете маски, држете социјална дистанца, мијте ги рацете цело време, а не само да размислувате: ‘Па, мојата слобода е нарушена’. По ѓаволите со вашата слобода, луѓе умираат“, рекол тој, обраќајќи им се индиректно на антиваксерите.
„Имате слобода да не носите маска, но многу е неодговорно да не ја носите. Затоа што треба да ги заштитите вашите сограѓани Американци!“
Како одговор, основачот на REDCON1, Арон Сингермен, во објава на Инстаграм напиша: „Секој што вели screw your freedoms не е Американец, а REDCON1 е патриотски бренд за слобода. Ја поддржуваме слободата на избор. Не сакаме Арнолд да биде цензуриран или откажан. Ние едноставно не можеме да го поддржиме неговото мислење со нашите долари“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Скандал во Италија: Статуата на Павароти „заробена“ во мраз, вдовицата огорчена
Во италијанскиот град Пезаро избувна скандал откако бронзената статуа на Лучијано Павароти заврши заробена во мразот на новогодишното лизгалиште. Ситуацијата дополнително се влошила кога градоначалникот ги повикал лизгачите да му „дадат петка“ на тенорот додека минуваат покрај него, што ја разгневило неговата вдовица, Николета Мантовани.
Таа изјавила дека поставувањето на многу грдото лизгалиште околу споменикот е навреда и непочитување кон сеќавањето на Павароти. Фотографиите од статуата до колена заглавена во мраз предизвикаа бурни реакции на интернет.
Questa è la grandissima idea della Giunta comunale di #Pesaro che ha deciso di ridicolizzare la figura di #Pavarotti davanti al Teatro Rossini inserendo la sua statua in una pista di pattinaggio.
Maestro Pavarotti abbia pazienza: in Comune non sanno quello che fanno. pic.twitter.com/2Fn94WCqUZ
— Nardelli (@Massi_Nardelli) November 29, 2025
Мантовани изјавила дека е разочарана, лута и вознемиренам нагласувајќи дека ваквата поставеност го нарушува имиџот и почитта што тенорот ја заслужува.
Градоначалникот Андреа Бианкини подоцна се извинил, признавајќи дека градската управа направила грешка и дека не постоела намера за навреда. Сепак, преместувањето на статуата не е возможно пред отворањето на празничната атракција, бидејќи би било скапо и ризично за споменикот.
Статуата во природна големина, откриена минатата година како трајна почест на Павароти, сега е „заглавена меѓу огради и празнични светилки“, пишува Il Resto del Carlino.
Забава
Безос и Санчез донираат 102 милиони долари за помош на бездомниците
Џеф Безос и Лорен Санчез ќе донираат 102,5 милиони долари за организациите што им помагаат на бездомните семејства во САД. Санчез во емисијата Good Morning America соопшти дека парите ќе бидат распределени преку фондацијата „Day One Families Fund“ и ќе одат кај 32 непрофитни организации низ целата земја.
Таа изјави дека целта е да им се помогне на семејствата да се стабилизираат и повторно да го изградат својот живот.
„Во можност сме да донираме повеќе од 100 милиони долари и тоа за многумина претставува огромен чекор напред“, рече Санчез, додавајќи дека ова е само почеток на долгорочната иницијатива.
Донациите годинава стигнале во сите сојузни држави, со поддршка од тим локални советници кои ги препознаваат потребите на заедниците.
Безос и Санчез се венчаа во јуни во Венеција, на церемонија со многу познати личности. Тие се во врска од 2019 година, а Безос ја запроси во 2023 година.
Забава
Ана Ивановиќ поднела барање за развод од Бастијан Швајнштајгер
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ поднела барање за развод од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер по девет години брак.
Германските медиуми објавија дека таа поднела тужба до Општинскиот суд во Минхен во ноември. Во јавноста, тие се сметаа за хармоничен пар, но нивната љубов заврши откако тој наводно ја изневери.
Списанието „Билд“ објави фотографии од него како прегрнува друга жена. Тие сè уште не го објавиле разводот. По распадот на нејзиниот брак, Ана Ивановиќ се фокусираше на работата.
Таа и Бастијан Швајнштајгер почнаа да се забавуваат во 2014 година. Една година подоцна потврдија дека се во врска, а во 2016 година се венчаа во Венеција. Имаат три сина: Лука, Леон и Тео.
Претходно, зборувајќи за својот брак, таа рече дека клучот е во комуникацијата и дека покрај љубовта, потребни се и почит, разбирање и подготвеност да се поддржувате еден со друг.

