Црна хроника
Штипјанец ја претепал сопругата па, се самозапалил
Штипјанец денеска на пладне околу 13 ч. крвнички ја претепал својата сопруга со алуминиумска цевка, откако видел дека таа крвари се обидел самиот да се повреди но, бил спречен од синот
Педесет и осумгодишниот штипјанец првиот пат се обидел да се самоубие исекувајќи се по телото но, бил спречен од неговиот син, потоа повторно се обидел но, овој пат се полеал со бензин во сопствената гаража и се самозапалил. По инцидентот двајцата сопружници биле пренесени во болница каде им била пружена лекарска помош.Педесет и седумгодишната жена завршила со тешки со повреди на главата но, откако и била дадена лекраска помош е пуштена на домашно лекување, а сопругот бил префрен на психијатриското одделение, соопштија од СВР Штип.Оваа семејна крвава расправија ја спречиле двајцата синови, а семејството е познато по чести расправии и несогласувања меѓу сопружниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фрлил кеса и се обидел да побегне: полицијата приведе малолетник и 27-годишен маж
На 10 декември 2025 година, околу 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Делчево привеле 16-годишник и А.М. (27), двајцата од Македонска Каменица.
При службени дејствија, полицијата ги затекнала на место викано „Горен водопад“ на реката Каменичка, каде што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен. На местото биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, дигитална вага и дробилка.
Подоцна, со судска наредба и во присуство на неговиот татко, извршен бил претрес во домот на малолетникот, при што доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис.
За случајот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Повреден маж во пожар во куќа во Шуто Оризари
На 11 декември 2025 година, околу 05:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во куќа сопственост на Д.Р. (31) од Скопје.
Сопственикот се повредил при излегување од објектот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгаснала пожарот. Извршен е увид.
Црна хроника
Млад мопедист повреден кога излетал од патoт кај Дојран, му биле измерени 1,60 промил алкохол
На 11 декември 2025 година, околу 01:20 часот, во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, мопедист излетал од коловозот.
Д.Б. (22) од Нов Дојран, управувајќи мопед „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, при што се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гевгелија.
По преземените мерки, полицијата утврдила дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени биле 1,60 промили алкохол во крвта.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

