Свет
Талибанците прогласија формирање на Исламски емират Авганистан
Талибанците прогласија создавање Исламски емират Авганистан, четири дена откако го зазедоа Кабул од владата која уживаше поддршка од Западот и 102 години откако Британија се откажа од владеењето со земјата.
Официјалниот портпарол на талибанците, Забиула Муџахид, на „Твитер“ објави создавање на нова држава – Исламски емират Авганистан, споделувајќи и слика на која знамето на емиратот е комбинирано со неговиот грб.
له انګریزي ښکیلاک نه د هیواد د خپلواکي د یوسل او دویمې کلیزې په مناسبت د افغانستان إسلامي امارت اعلامیهhttps://t.co/HfZUIHnCJp pic.twitter.com/jQViMYERpW
— Zabihullah (..ذبـــــیح الله م ) (@Zabehulah_M33) August 19, 2021
Декларацијата доаѓа помалку од една недела по падот на Кабул во рацете на исламистичката милитантна група, пренесува „Раша Тудеј“.
Муџахид, исто така, порача дека основањето на Исламскиот емират Авганистан доаѓа 102 години откако Велика Британија се откажала од контрола над земјата (1919).
Имено, 19 август се слави во Авганистан како национален празник во спомен на неговата независност од колонијалната сила.
Талибанците на Денот на независноста, воедно прогласија и победа над САД, пишува Си-ен-ен.
„Фала му на Бога, денес ја славиме годишнината од независноста од британската окупација, додека, по Божја милост и со помош на џихадистичкиот отпор, победивме моќна и арогантна сила (Американците) и ги принудивме да се повлечат од Авганистан“, се вели во соопштението на талибанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Урсула фон дер Лајен најмоќна жена во 2025 година
На листата на 100 најмоќни жени во 2025 година на американското списание Форбс, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е на првото место.
Во образложението на редакцискиот одбор се наведува дека таа е првата жена на таа позиција, која е одговорна за законодавство кое влијае на повеќе од 450 милиони Европејци.
На второто место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, на третото е премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, која е и првата жена на таа позиција.
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, е на четвртото место, претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, е на петтото место, а меѓу првите 10 се извршната директорка на Џенерал Моторс, Марија Бара, и извршната директорка на технолошката компанија „Сити“, Џејн Фрејзер.
Списанието меѓу 100-те најмоќни жени ги вклучи извршната потпретседателка и финансиска директорка на компанијата „Мајкрософт“ Ејми Худ, генералната директорка на ММФ Кристалина Георгиева, претседателката и оперативна директорка на компанијата „Спејс Екс“ Гвин Шотвел, поп-пејачката Тејлор Свифт, министерката за финансии и корпоративни работи на Индија Нирмала Ситараман.
На листата се наоѓаат и медиумската личност Опра Винфри, копретседателката на компанијата „Волт Дизни“ Дана Волден, британската министерка за финансии Рејчел Ривс, извршната директорка на кинеската компанија JD.com Сенди Ран Су, претседателката на њујоршката берза Лин Мартин, извршната директорка на „Водафон“ Маргерита Дела Вејл, главната директорка за содржини на платформата „Нетфликс“ Бела Бахарија.
Меѓу 100-те најмоќни жени се извршната директорка на „Фокс њуз“, Сузан Скот, финансиската директорка на „Дојче Фокс груп“, Мелани Крајс, јавната личност и претприемачка Ким Кардашијан, премиерката на Конго, Јудит Суминва Тулука, Мета Фредериксен од Данска и Миа Мотли од Барбадос.
Хероините од анимираната серија, копродуцирана од Netflix и Sony Records „KPop Demon Hunters“ за женскиот бенд K-Pop (HUNTR/X), беа на последното место на листата, која до декември 2025 година беше прегледана повеќе од 325 милиони пати и стана најпопуларниот филм на Netflix досега.
Листата, која се објавува по 22-ри пат, е направена врз основа на четири главни критериуми – пари, медиуми, влијание и сфера на влијание. Имаше жени од областите на политиката, финансиите, медиумите, забавата, претприемништвото, а на неа има и 17 жени кои претходно не беа на листата, објави Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Австрија гласа за забрана на хиџаби и бурки за девојчиња во основно училиште
Очекувано е австриските пратеници да ја одобрат забраната за носење хиџаби и бурки за девојчиња под 14 години, што групите за човекови права го сметаат за дискриминаторно и потенцијално штетно за општествената кохезија.
Владата тврди дека мерката има цел да ги „заштити девојчињата од угнетување“. Претходната забрана од 2019 година беше укината од Уставниот суд како неуставна, но власта сега е уверена дека новиот предлог е во согласност со Уставот.
Законот стапи целосно во сила во септември, а во февруари ќе започне преодна фаза без казни. Потоа, родителите кои не се придржуваат може да бидат казнети со 150 до 800 евра.
Владата проценува дека околу 12.000 девојчиња ќе бидат опфатени со законот, врз основа на податоци од 2019 година.
Фото: Pexels
Европа
(Видео) Вучиќ снимен како разговара со Фон дер Лајен: „Тукушто добив порака од Москва“
Српскиот претседател Александар Вучиќ се најде во центарот на вниманието откако камерите го фатија како синоќа накратко разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Брисел. Кога пристигна на состанокот, Вучиќ ѝ рече дека „штотуку добил порака од Москва“, на што таа одговори: „Добро, да почекаме и да видиме“.
Снимката ја објави новинарката Марија Тадео.
The mic is always hot. Serbia’s president Vucic last night «I got a message from Moscow now…» von der Leyen aware of cameras «Let’s…let’s wait till we are…» pic.twitter.com/YoDuGOF44R
— Maria Tadeo (@mariatad) December 11, 2025
Оваа кратка, но значајна размена на мислења брзо го привлече вниманието на европските новинари, особено имајќи го предвид чувствителниот момент во односите меѓу Европската Унија и Русија. Брисел постојано ја критикуваше Србија за неусогласеност со надворешната политика на ЕУ, особено кон Москва.
Сè уште не е познато на што конкретно се однесуваше пораката на Вучиќ, а ниту една страна сè уште официјално не го коментираше настанот.
фото: Depositphotos

