Црна хроника
Пукано кон Драганчо Стоименов, сведокот во „Детонатор“
Две непознати лица во неделата пукале кон Драганчо Стоименов, сведокот во случајот Детонатор.
Според пријавата во неделата околу 22.50 часот две лица пукале кон триесет и четиригодишниот Стоименов, на паркингот на булевар „АВНОЈ“, каде што живее Стоименов.
Со еден од куршумите му била нанесена гребнатина на десната потколеница.
Стоименов бил пренесен во болница, но бил пуштен на домашно лекување. СВР Скопје располага со сознанија за можните сторители и во тек се мерки за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.
Ова е четврти обид за убиство на Стоименов, откако два пати во близина на неговиот автомобил беше поставена експлозивна направа, а еднаш бил мета на првообвинетиот од случахот Детонатор.
Во судскиот процес „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.
Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама.
Оштетениот Драганчо Стоименов, пред судот тврдеше дека имал сознанија дека бил прв на црната листа за ликвидација, што ја имале обвинетите./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

