Спорт
„Вистина е – не смеевме да го допреме Меси на тренинзите“
Францускиот фудбалер Жан Клер Тодибо иако многу кратко време помина во таборот на Барселона, сепак даде интересна изјава поврзана за Лионел Меси.
Тодибо кој во 2019 година настапи само на пет меча за тимот од „Ноу Камп“ сведочи дека на тренинзите Меси бил максимално поштеден – никој поостро не смеел да стартува врз Аргентинецот.
„Во Барселона не смеевме да го допреме Меси на тренинзите. Можеби звучи бизарно, но вистина е. Тој е најголемиот фудбалер на сите времиња и не сакавме да го повредиме“ рече Тодибо.
Францускиот фудбалер од Барса отиде на позајмица во Шалек, па во Бенфика и во Ница, каде настапува во моментов.
Му претстојат дуели со Меси, во француската Лига 1. Овојпат нема потреба да има „поштеда“ за аргентинскиот ас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

