Спорт
Четвртфинале СЕХА лига – Еурофарм Пелистер со пораз во Битола од Мешков

Битолски Еурофарм Пелистер вечерва загуби од белоруски Мешков Брест со 31:27 во првиот четвртфинален натпревар во рамки на СЕХА лигата.
Домаќините уште од самиот старт на мечот беа во подредена улога и постојано го бркаа водството на противникот.
На полувреме предноста на тимот од Брест изнесуваше четири гола.
Во вториот дел гостите одиграа рутинирано и не дозволија намалување или анулирање на предноста од 4 гола со која ќе го пречекаат битолскиот состав на и до крајот не успеаја да го стигнат водството на белорускиот тим 29 септември.
Најефикасен на натпреварот беше играчот на Еурофарм Стипе Мандалиниќ со 9 погодоци, додека капитенот Периќ застана на 6 гола.
Кај победничкиот тим најефикасен беше Кашпарек со 8 гола, Валјупов постигна 6, а Скубе и Малуш по 5.
Вториот македонски претставник во СЕХА, скопски Вардар 1961 на 26. септември го пречекува тимот Загреб во првиот меч од четвртфиналната пресметка.
Фото: ФБ РК Еурофарм Пелистер
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.
Спорт
(Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.
Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.
Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.
Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.
Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.