Спорт
Косовецот Рашани е херој на Клермон – два гола за поен кај Лион во 91. минута

Косовецот Елбасан Рашани постигна два гола во последните пет минути игра за новиот француски прволигаш, Клермон да успее да стигне до неверојатно 3:3 реми кај Лион, еден од клубовите кој треба да го предизвика Пари Сен-Жермен оваа сезона во француската Лига 1, оставајќи го без победа по три кола.
Муса Дембеле им донесе водство уште во петтата минута со гол од пенал, но само седум минути подоцна, тимот на Петер Бос си постигна автогол преку Синоле Диоманде за израмнување.
Дембеле ја врати предноста во 21. минута, а поранешниот фудбалер на Милан, Лукас Пакуета во 43. минута зголеми на 3:1. Дека Клермон не се „залутани“ во елитата, покажаа со притисокот во финишот на мечот, кога намалија на 3:2 преку Косовецот Елбасан Рашани во 80. минута, пред тој во 91. минута да го упати и израмнувачкиот гол.
#OLCF63 (3-3) – ÉGALISATION DE RASHANI !!! L’OL EST PUNI pic.twitter.com/8pSvVIfEHK
— GOALS LIGUE 1 (@GOALSLIGUE1) August 22, 2021
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4-37167”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Партизан и АЕК ќе играат во Скопје?

Европската ракометна федерација одлучи одложениот реванш од четвртфиналето на Европскиот куп меѓу Партизан и АЕК да биде преместен од Белград на неутрален терен.
Два дена откако навивачите на Партизан фрлаа пиротехника на паркетот во салата на Бањица и ден по одлуката на ЕХФ мечот да се игра на неутрален терен, се појавија информации натпреварот би мжел да се одигра во Македонија.
Со или без публика ќе одлучува ЕХФ, но нема дилема дека црно-белите во Македонија би имале огромна поддршка од трибините.
Во моментов четири наши сали ги исполнуваат условите за одржување европски натпревари. Три се во Скопје, што повеќе би му одговарало на Партизан поради близината, а една е во Битола, што повеќе му одговара на АЕК.
Најреална опција е Скопје, а ќе видиме дали трибините ќе бидат празни или ЕХФ ќе дозволи да има одреден број навивачи.
Првиот натпревар АЕК го доби со 27:22.
Спорт
Ред Бул во бела боја ќе се трка на ГН на Јапонија

Ред Бул во непреознатлии бои ќе настапи на трката за Големата награда на Јапониј, на патеката во Сузука.
Инспириран од соработката со Хонда и претставен како rретроспектива на некогашниот препознатлив бел автомобил на јапонскиот автомобилски гигант, овој специјален автомобил на Ред Бул ќе се вози следниот викенд на култната патека Сузука.
Пред да се упатат кон далечната префектура Мие, љубителите на Формула 1 ќе имаат можност да уживаат во неколку кругови кои Макс Ферстапен и локалниот херој Јуки Цунода ќе ги возат низ центарот на јапонската престолнина Токио.
Големата награда на Јапонија како трета трка од шампионатот се вози следниот викенд, а пилотите на Ред Бул пристигнуваат во Земјата на изгрејсонцето со различни резултати во првите два настапи од сезоната, Ферстапен на второто место со 36, Цунода на 13. место со три бода.
Оваа 2025 година е последна во седумгодишната исклучително успешна соработка помеѓу Ред Бул и Хонда, по што австрискиот тим ќе си ја проба среќата со моторите на Форд.
Во периодот од 2019 година до минатата сезона, ова партнерство донесе четири индивидуални и три екипни светски шампионски титули, кои тешко ќе се повторат, па гостувањето во Јапонија е и совршена можност за двете страни да го прослават периодот на апсолутна доминација во „најбрзиот циркус“.
Спорт
Ендо ќе го напушти Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул во летниот преоден рок би можел да го продаде јапонскиот играч за врска Ватару Ендо.
Искусниот триесет и двегодишен играч кој пристигна од Штутгарт како капитен на германскиот тим би можел да се врати во Бундеслигата.
Како што пренесува „Билд“, за услугите на јапонецот се заинтересирани челниците на Ајнтрахт од Франкфурт. Од друга страна англиските медиуми тврдат дека и покрај тоа што нема место во стартната постава, Ендо бил среќен на „Енфилд“.
Тренерот Арне Слот го користи Ендо на различни позиции и најчесто влегува на теренот во последните 15-20 минути од натпреварите кога треба да се „затвори“ резултатот.
Ливерпул пред две години за услугите на Ендо издвои околу 20.000.000 евра.
Ендо би можел да биде еден од многуте што ќе го напуштат „Енфилд“ ова лето. Дарвин Нуњез, Диого Жота, Луис Дијаз, Трент Александар-Арнолд, Џо Гомез… Сите тие се на списокот за заминување.