Македонија
Регистрирани 882 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица
Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 6.591 тестирањe, а регистрирани се 882 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 333, Тетово – 109, Струмица – 80, Куманово – 59, Гостивар – 46, Кичево – 42, Штип и Дебар – по 28, Охрид – 20, Велес – 18, Прилеп – 17, Струга – 14, Кавадарци и Кочани – по 12, Битола и Свети Николе – по 9, Ресен – 8, Богдани и Кратово – по 6, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Виница и Македонски Брод – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 1 лице.
Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Гостивар – 48, Кичево – 11, Штип – 6, Тетово и Кочани – по 4, Кавадарци и Пехчево – по 3, Битола и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Делчево и Берово – по 1 лице.
Пријавени се 14 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (54г,68г,69г, и 84г), и Тетово (49г,67г,68г и 81г), 3 починати лица од Гостивар (49г,72г и 74г), по едно починато лице од Куманово (72г), Охрид (82г) и Виница (77г).
Од пријавените починати лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 6.591 тест преку: ИЈЗ-226, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–62, ЦЈЗ Куманово–57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–217, Жан Митрев (Филип Втори)-142, Авицена-444, Биотек-407, Систина-133, лабораторија Лаор-600, Синлаб-5, Ремедика-8, Плодност–100, Генеа -15, Никоб лаб-711, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-89, Ројал Медика – 43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.091.
Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 73019, Активни 3693
Куманово 9742, Активни 715
Прилеп 8505, Активни 158
Тетово 9489, Активни 1855
Битола 6549, Активни 194
Велес 5617, Активни 125
Гостивар 7045, Активни 1513
Кавадарци 5299, Активни 111
Охрид 5330, Активни 303
Штип 5111, Активни 131
Струмица 4750, Активни 561
Струга 3311, Активни 322
Кочани 2908, Активни 96
Кичево 3274, Активни 555
Гевгелија 2240, Активни 43
Неготино 2199, Активни 14
Свети Николе 1593, Активни 61
Ресен 1327, Активни 90
Крива Паланка 1240, Активни 10
Радовиш 1246, Активни 66
Берово 1105, Активни 52
Делчево 1001, Активни 23
Дебар 1210, Активни 201
Виница 926, Активни 33
Пробиштип 804, Активни 15
Валандово 716, Активни 35
Богданци 512, Активни 18
Крушево 497, Активни 7
Демир Хисар 409, Активни 9
Демир Капија 400, Активни 3
Кратово 417, Активни 40
Македонски Брод 406, Активни 40
Пехчево 287, Активни 7
Македонска Каменица 254, Активни 5
Дојран 134, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.
Македонија
Менаџер на продавница во Скопје украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице вработено во продавница во трговски центар во Скопје. Тој е осомничен дека украл 2,7 милиони денари, а според последните информации од истрагата, тој сè уште ги крие парите.
Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел.
Бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот.
Притоа, обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот сè уште ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице.
фото/Depositphotos
Македонија
Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот.
Од Министерството информираат дека на средбата било констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со аерозагадувањето, но дека останува потребата од дополнителни инвестиции.
Министерот Хоџа истакнал дека негова цел е системска промена во справувањето со аерозагадувањето, како клучен приоритет во неговата работа и во работата на Министерството. Тој нагласил дека долгорочните и одржливи решенија бараат силно партнерство со меѓународните институции и континуирана поддршка во спроведувањето на реформите.
Во таа насока, Хоџа изразил подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Светската банка, нагласувајќи дека отворената комуникација ќе продолжи и во иднина, со заедничка цел – подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.
Министерот посочил дека Министерството и Владата континуирано работат на унапредување на квалитетот на воздухот преку Акцискиот план за чист воздух, Програмата за периодот 2024–2030, како и преку тековните проекти финансирани преку ИПА 2 и ИПА 3. Притоа, било истакнато дека останува потребата од дополнителни инвестиции и засилена техничка поддршка, за да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите граѓани.

