Свет
Делта-сјојот менува се од корен, се шири брзо а мерките се несоодветни, реагираат властите од Нов Зеланд
Министерот на Нов Зеланд задолжен за одговор на „Ковид-19“ Крис Хипкинс рече дека делта вирусот на коронавирус менува се од корен и ги прави постојните мерки за заштита многу помалку соодветни.
Според него, доаѓањето на високо заразниот вид на делта-сојот донел некои многу големи прашања за пандемијата во Нов Зеланд.
Хипкинс за локалните медиуми изјави дека елиминацијата на вирусот останува цел на новозеландските власти.
„Реалноста ни кажува дека вирусот се шири 24 часа откако лицето ќе се разболи и тоа фундаментално менува се од корен. Ова значи дека сите наши постоечки заштитни мерки почнуваат да бидат многу помалку адекватни и слаби, што отвора големи прашања на долгорочен план“, истакна Хипкинс.
Веќе шест месеци немаше заразени во Нов Зеланд, но властите неодамна воведоа строга блокада откако беше откриен еден заразен со овој вид на коронавирус во Оукленд.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 21 случај на коронавирус во Нов Зеланд. Заразени се вкупно 72 лица, а седум училишта во Оукленд пријавиле дека имаат заразени меѓу учениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан пристигна во Брисел на клучниот состанок: „Договорот е мртов“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел дека, според него, идејата за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина пропаднала.
Орбан им рече на новинарите дека во Европската унија ќе има доволен број земји-членки за таканареченото блокирачко малцинство кое ќе ја спречи одлуката за репарацискиот заем за Украина.
Тој исто така додаде дека Европската унија мора да „се држи подалеку од војната“ и да „работи за постигнување мир“.
Медиумите потсетуваат дека лидерите на Европската унија денес се среќаваат во Брисел на еден од најнапнатите самити во последните години за да се договорат за клучна одлука за финансирањето на Украина за 2026 и 2027 година.
Фото: депозитфотос
Свет
Фон дер Лајен: Нема да го напуштам самитот на ЕУ без решение за финансирањето на Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека очекува земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за финансирањето на Украина на дводневниот самит, кој започнува денес во Брисел.
„Нема да го напуштам советот без решение за финансирање на Украина“, изјави таа пред новинарите пред состанокот, пренесува Ројтерс.
За да можат да ги користат замрзнатите руски средства, лидерите на ЕУ прво треба да ја убедат Белгија, која поседува 185 милијарди евра од вкупно 210 милијарди евра замрзнати во Европа, дека нема да биде оставена сама ако Русија поднесе тужба пред меѓународните судови.
„Целосно ја поддржувам Белгија“, изјави претседателката на Европската комисија, според агенцијата.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека е уверена дека лидерите на Европската Унија ќе постигнат договор за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на одбраната и обновата на Украина пред денешниот самит на ЕУ.
Во интервју за германскиот радио канал „Дојчландфунк“, таа рече дека ова нема да биде прв пат да се најде решение во многу сложена ситуација.
Лидерите на Европската унија денес ќе одлучат како да ја финансираат Украина во 2026 и 2027 година, за да може таа земја да продолжи да се спротивставува на руската агресија, а користењето на руските средства замрзнати во ЕУ е најверојатната опција, пренесува „Ројтерс“, пренесува „Танјуг“.
Фото: депозитфотос
Свет
Инцидент во Брисел: Авионот на словачкиот премиер Фицо е оштетен на аеродромот
Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека авионот што ја превезувал словачката делегација на самитот на Европската унија во Брисел е сериозно оштетен на аеродромот поради инцидент со аеродромско возило, поради што леталото повеќе не е употребливо и мора да остане во Белгија.
Фицо изјави на социјалната мрежа Фејсбук дека за време на маневрирањето на пистата, камион со аеродромска рампа го удрил авионот, предизвикувајќи значителна материјална штета и спречувајќи го неговиот понатамошен лет, пренесуваат медиумите.
„Сложениот самит во Брисел започна многу лошо. На аеродромот, камион со рампа го уништи нашиот авион, го направи неупотреблив и ние сме принудени да го оставиме тука“, напиша словачкиот премиер.
Според некои западноевропски медиуми, во инцидентот нема повредени, а надлежните аеродромски служби започнаа внатрешна истрага за да ги утврдат околностите под кои е оштетен авионот. Засега не е објавено дали станува збор за човечка грешка или за неуспех во процедурите на аеродромот.
Инцидентот се случил во моментот кога Фицо пристигнал во Брисел за еден од политички почувствителните самити на Европската Унија, каде што се дискутираат понатамошните чекори на ЕУ во врска со Украина, енергетската политика и внатрешните поделби меѓу земјите-членки, според написите.
Фото: депозитфотос

