Економија
ММФ ѝ додели на земјава околу 161 милион евра
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ додели нови, околу 133 милиони специјални права на влечење (СПВ), или околу 161 милион евра на нашата земја, коишто денес ќе бидат вклучени во официјалните девизните резерви. Овој износ ни е доделен во рамките на новата општа распределба на СПВ на ММФ и соодветствува со нашата квота во ММФ.
„Имено, ММФ распредели вкупно 455 милијарди СПВ (околу 551 милијарда евра) на 190 земји членки. Ова е најголемата распределба на СПВ во историјата, или двојно повисока од сите досегашни распределби заедно. Последната општа распределба на СПВ беше во 2009 година, кога беа распределени 161,2 милијарди СПВ на земјите членки“, соопшти НБРМ.
Целта на општата распределба на СПВ, како што се наведува, е овој пат со нив да се обезбеди непречен пристап до девизна ликвидност за земјите во време на најголемата здравствена и економска криза со која се соочува светот во изминатите децении. Придобивките за земјите се повеќекратни: со нив се обезбедува брзодостапна и безусловна девизна ликвидност со која се зголемуваат девизните резерви, односно се зголемува девизниот потенцијал на економијата, што го јакне потенцијалот на економиите за справување со кризата.
СПВ се резервни средства креирани од ММФ коишто земјите членки можат да ги чуваат како дел од своите официјални резерви или, пак, да ги искористат за плаќање долгови и камати, за идно зголемување на квотата во ММФ или за други буџетски потреби. Доколку ги чуваат како дел од своите официјални резерви, земјите немаат никаков трошок. Доколку се претворат во друга валута за да се искористат за други цели, тогаш трошоците за земјата се исклучително ниски (тековно каматна стапка на користење на СПВ изнесува 0,05%).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

