Економија
Групација „Балфин“: Ексклузивни проекти низ Европа
Без разлика дали станува збор за мултифункционален шопинг, забавен или проект од друг социјален карактер, луксузен станбен комплекс или елитно одморалиште, групацијата „Балфин“, една од најголемите инвестициски групации во регионот, е препознатлива по високите стандарди и иновации кои ги применува во своите проекти, низ сите европски земји каде што дејствува. Инвестициите на „Балфин“ во областа на градежништвото буквално го менуваат начинот на живеење, без разлика дали проектот се реализира во Албанија, Македонија, Холандија, Австрија… создавајќи значајно економско влијание, отворајќи нови работни места, подигнувајќи го животниот стандард. Во 2021 година „Балфин“ продолжи да расте во рамките на постојните сектори, во регионот, но и пошироко. Оваа година „Балфин“ и компаниите што се дел од групацијата ќе реализираат над 108 милиони евра инвестиции.
– Групацијата „Балфин“ се стреми да биде постојано во тек со технолошкиот развој и со иновациите. Денес, нашите проекти се премногу за да се избројат, но на пример проектите за развој на недвижности се едни од најприсутните и најуспешните – вели Ардијана Соколи, заменик-претседателка за недвижности во групацијата.
![]()
Еден од таквите проекти е „Јуниверз сити“, резиденцијална населба во близина на центарот на Тирана. Комплексот се наоѓа веднаш до шопинг-центарот „Јуниверз“ во Тирана и ќе се состои од станбени згради погодни за секого; млади семејства, млади парови, студенти или големи семејства кои бараат поголеми станови за пониски цени. Овој мини град ќе обезбеди сеопфатен опсег на услуги, доволни за автономно живеење. Предвидени се јавно училишта, многу пешачки и зелени површини и апсолутна безбедност и приватност. Најважниот елемент на проектот е најниската пазарна цена за оптимален квалитет што се нуди. „Колина Верде“ е, исто така, проект во развој, со посебна грижа за удобен животен стил, со поглед кон зеленилото на планината Лундра, свеж воздух и бајковити пејзажи. Заедно со едно од водечките имиња во хотелската индустрија, „Акор“, „Балфин“ ја објави и соработката во изградба на првиот „М галери“ хотел во Албанија. Овој ултра модерен хотел ќе донесе големо освежување на албанскиот брег.
„Грин коуст вилиџ“, пак, е уште еден амбициозен проект, чија цел е изградба на првото туристичко село со меѓународни туристички стандарди. Ќe се реализира во Паласа, во непосредна близина на „Грин коус рисорт и резиденции“. Овој величествен проект ќе се состои од резиденции, неколку хотели со 4 и 5 ѕвезди, како и од станбени комплекси. Ќе располага со изобилство рекреативни и забавни понуди, како и услуги за одмор во текот на целата година. Со оглед на досегашниот успех на „Грин коуст“, овој проект добива и продолжение кое треба да ја задоволи побарувачката за оваа елитна дестинација со квалитетна и луксузна понуда. Не помалку, „Балфин“ има удел и во заживувањето и разубавувањето на туризмот на албанската ривиера, особено преку понудата на резиденциите „Вала Мар“.
![]()

Во Австрија инвестициите продолжуваат преку сериозен станбен проект, како оној во близина на езерото Тронзи и станбениот комплекс во една од најпопуларните области во Виена, помеѓу округот 18 и 19.
Тирана и Скопје Ист гејт, се исто така два значајни проекти за „Балфин“ и претставуваат пример за општествена одговорност, поттикнувајќи го развојот на општеството преку богата забавна и социјална понуда. Едниот годинава го слави 10. роденден, а другиот многу наскоро ќе почне со работа и ќе ги прими првите посетители.
Секој од овие проекти е извонреден на свој начин, со уникатна архитектура и избор на високотехнолошки иновации. Подетално ќе ви претставиме само дел од нив.
Покрај „Езерото на среќата“
![]()
Живописен, блиску до природата и оддалечен од секојдневната градска врева, овој комплекс лоциран во местото Алтминстер во Австрија е мала оаза меѓу околните планини и езерото Тронзи, кое Римјаните го нарекле „Езеро на среќата“. Што повеќе е потребно за среќа, освен смирен, опуштен живот?
Двата станбени комплекси со трикатници во овој туристички град создаваат слика како од бајките. Најдобар начин да се почувствува тамошната околина е со возење велосипед или пеш, иако листата на активности што луѓето можат да ги прават овде е мошне долга. Областа е атрактивна во текот на целата година и нуди соодветни услови за љубителите на секој спорт – пешачење, планинарење, пливање, едрење или скијање во зима.
![]()
Совршена комбинација од неверојатна природа и највисоки градежни стандарди се применети во реализација на резиденцијалниот комплекс. Проектот ја одразува визијата на TH&B Immo, една од компаниите што работат под капата на „Балфин“ . Инвестицијата од 10 милиони евра на езерото Тронси е втора на „Балфин“ во Австрија, по првиот станбен проект во Виена. Компанијата е горда на двата проекта, бидејќи австрискиот градежен пазар е особено конкурентен и предизвикувачки.
Живот од соништата во Ролинг Хилс
![]()
Луксузните резиденции „Ролинг Хилс“, лоцирани на југоистокот од Тирана, се еден од најамбициозните проекти на групацијата „Балфин“ . Лоциран во прекрасната природа на Петреле, Тирана, Ролинг Хилс е опкружен со бујно зеленило и рекреативни зони. Ова е една од најмладите области во Тирана, која расте со супербрзо темпо. „Ролинг Хилс лејксајд“, пак, е составен од ексклузивни вили и апартмани кои новите жители ќе ги пречекаат покрај езерото Фарка. Високите стандарди на дизајнот, квалитетот и функционалноста, како и природната средина се гаранција за висок квалитет на живот. Релаксирачки поглед кон зеленило и езеро, семеен спокој и динамика во централниот дел со комерцијални услуги, кафулиња и рекреативни понуди, сè заедно на едно место, во нова урбана заедница. „Ролинг Хилс лејксајд“ е еден од најпрестижните проекти на „Емре Аролат архитекчр“, меѓународно студио, со седишта во Њујорк, Лондон и Истанбул, кое го потпишува овој комплекс.
![]()
Скопје Ист Гејт – нов центар во центарот на градот
![]()
Кога зборуваме за ексклузивни проекти, не смееме да го заборавиме и оној што наскоро ќе оживее во нашиот главен град. Скопје Ист гејт, инвестиција вредна повеќе од 350 милиони евра, ќе биде најголемиот мултифункционален комплекс, не само во нашата земја, туку и во регионот. Првата фаза е речиси завршена – претстојната есен Скопје Ист гејт ќе ги отвори вратите за првите посетители. Покрај трговскиот центар, проектот содржи и станбен комплекс, како и деловен, сите опкружени со бујно зеленило. Идејата на целиот проект е да се создаде град во градот. Идните жители на СЕГ ќе имаат сè што им е потребно на дофат, а посетителите од поширокиот регион ќе посетат туристичка атракција, каде што удобно ќе го минат денот со семејството или пријателите. На располагање ќе бидат места за забава, повеќе од 220 брендови за шопинг, амфитеатар, мултиплекс кино, фитнес-зона, богата гастрономска понуда од многуте ресторани и кафулиња на кафеавенијата, асфалтирани пешачки површини…
Проектот Скопје Ист гејт e потпишан од едно од најпознатите и најуспешните студија од Турција, „Јазган дизајн“ и светски познатиот архитект Керем Јазган, со богато меѓународно портфолио и многубројни награди.
![]()
Како што се наближува големото отворање на Скопје Ист гејт, така и нетрпението и љубопитноста кај жителите на Скопје растат. Присуството на некои од светски познатите брендови се веќе потврдени, како што се „Ризрвд“, „Мохито“, „Хаус“, „Кроп“, „Синсеј“, „Зара“,
„Зара хоум“, „Ојшо“, „Масимо Дути“, „Бершка“, „Пул енд беар“, „Страдивариус“… но се очекуваат и многу други истакнати имиња од светот на модата и технологијата во трговскиот центар кои ќе бидат објавени непосредно пред отворањето. Токму онака како што најавија инвеститорите, секој ден е сè поочигледно дека Ист гејт ќе биде нов центар во центарот на Скопје.
![]()
![]()
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Царина со грант од Јужна Кореја ја унапредува контролата на целокупниот увоз, извоз и транзит
Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден Систем за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари кој ќе претставува цврста основа за патот на државата кон членство во Европската Унија.
Системот овозможува унапредување на контролата на целокупниот увоз, извоз и транзит, како клучно во сузбивање на сивата економија, разобличување на криминалот, заштита на финансиските интереси и полнење на Буџетот, како и олеснување и забрзување на легалната трговија.
Воедно, во случај цените на стоките да се пониски од берзанските, царинските службеници ќе добијат аларм за можна царинска измама. Ќе се овозможи и подобра детекција на профили со висок ризик во воздушниот сообраќај.
Ова беа клучните пораки на денешниот церемонијален настан на кој директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, заедно со генералниот директор на Корејска Царинска Служба, Ли Мјонг Ку го промовираа системот. Системот беше промовиран со одржување на состанок на највисоко ниво и во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, државниот секретар Андриана Матлиоска и амбасадорот на Република Кореја, Ким Донг Бе, по кој директорите на македонска и корејска Царина одржаа прес-конференција.
„Само годинава заклучно октомври, вкупната трговска размена изнесува 18 милијарди долари, што кажува за тежината на секојдневната работа на Царинската управа во олеснување на трговијата, при истовремено спречување на обидите за криминал. Овој систем ни е од исклучителна важност бидејќи со истиот се овозможува унапредување на анализата на ризик и подобра селекција и концентрираност на контролите на високоризични пратки, со што се овозможува олеснување и забрзување на легалната трговија. Сите податоци за целиот увоз, извоз, транзит, податоците за акцизна стока, целокупната евиденција на заплени, прекршочни и кривични пријави се интегрирани во Системот каде истите се анализираат со поддршка на напредна вештачка интелигенција. Воедно истиот обезбедува податоци за пратки чии вредности се различни од берзанските цени, но и чии вредности се под просечните согласно анализата на вредноста на целокупниот увоз, со што ги алармира царинските службеници за проверка на контејнерите со вакви пратки, се со цел да се спречат можни обиди за царинска измама“, истакна директорот Николовски на прес-конференцијата.
Воедно, како што истакнува Николовски се овозможува подобрување на квалитетот на податоците кои понатаму ќе бидат предмет на анализи и креирање мерки за подобрување на трговските политики како клучни за забрзување на растот на економијата.
Директорот на корејската Царина, Ли, вели дека најважно и уверен е во истото, системот ќе претставува цврста основа за патот на државата кон членство во Европската Унија. Тоа не само што ќе придонесе државата да ја зацврсти својата позиција како лидер на Балканот со напреден царинско административен систем, туку и ќе биде инспиративен пример за силна царинска соработка и пријателство.
„Патот на овој проект до денешната церемонија на пуштање во употреба не би бил можен без посветеноста и блиското партнерство меѓу владите на Република Кореја и РС Македонија. Преку континуирана комуникација и соработка меѓу нашите две земји, денес тој конечно дава конкретни резултати. Од 2008 година, Царинската служба на Кореја го воведе нашиот систем за електронско царинење UNIPASS во 16 земји, со вкупна вредност од 329,37 милиони американски долари. Овој ODA проект во вредност од 4,75 милиони американски долари (6,1 милијарди корејски вони) за РС Македонија има особено значење, бидејќи претставува прво воспоставување на системот за електронско царинење на Царинската служба на Република Кореја во целиот европски регион. Воспоставен е интегриран информациски ресурс и систем за управување со ризици, со цел подобрување на оперативната ефикасност и обезбедување непречен проток на стоки во РС Македонија“, истакна директорот Ли.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.

