Економија
Нептун донаторска кампања по повод Светскиот ден на хуманоста

Како дел од стратешко партнерство помеѓу СОС Детско село и НЕПТУН Македонија „Заедно за повеќе насмевки“, почнувајќи од 03.08.2021 НЕПТУН организираше хуманитарна кампања “Заедно донираме повеќе” која симболично заврши на светскиот ден на ХУМАНОСТА 19.08.2021. Со кампањата беа опфатени повеќе производи од сите брендови што се продаваат во мрежата од 25 продажни места во 21 град во Македонија, при што за секој купен производ вклучен во хуманитараната кампања, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА донираше 1% од нето вредноста на продадените производи во тој период. Преку хуманитарната акција, компанијата упати повик до своите купувачи да се вклучат во истата, со транспарентна комуникација во текот на времетраењето на кампањата.
По повод Светскиот ден на хуманоста, од каде произлезе идејата за спроведување на акцијата, на 23.08.2021 во дворот на СОС Детско село беше врачен чек во износ од 100.000 денари, финансиски средства кои ќе се искористат за тековните потреби на децата и младите без родителска грижа поддржани од СОС Детско село, но истовремено и ќе донесат многу насмевки на децата.
За да кампањата има поголем импакт НЕПТУН ја прошири активноста и со дополнителна донација во добра спрема потребите за тековно функционирање на згрижувачките семејства од СОС Детско село при што на тој начин дополнително се достави и донација во добра на апарати за домаќинство во вредност од 100.000 денари од брендот Фуего за кој Нептун е ексклузивен застапник.
За оваа заедничка соработка генералниот директор Горан Цветинов на НЕПТУН Македонија изјави:
„ Во име на сите вработени во компанијата, сакам да изразам најискрена благодарност до сите наши купувачи кои активно се вклучија во поддршка на кампањата “Заедно донираме повеќе”. Секој купен производ значи доверба во Нептун и поддршка на корпоративната иницијатива, собирање средства за добротворни цели, осигурувајќи дека истите ќе бидат проследени на оние кои се наш мотив да придонесеме за витална разлика во заедницата. Делуваме со огромна страст за градење свест за поддршка на добротворни акции кај сите наши клиенти, соработници и партнери. Ние во Нептун сакаме да го направиме својот дел и ќе продолжиме да соработуваме и ќе се потрудиме да поддржиме што повеќе иницијативи во уникатната дејност што ја спроведува СОС Детско село. Оваа донација е на некој начин само интензивирање на соработката со Сос Детско село и секако истата продолжува во периодот што следува во духот на Нептун како општествено одговорна компанија“ за значењето на ова стратешко партнерство и донациите направени од страна на НЕПТУН Македонија, изјава даде раководителката на секторот за собирање средства и комуникации од СОС Детско село, Силвија Димитрова.
„ Она што е одлика на човекот е потребата да споделува, да помага, да дарува, да биде хуман. По повод Светскиот ден на хуманоста, нашиот стратешки партнер НЕПТУН Македонија ја препозна таа потреба и делуваше во насока на поддршка на нашата работа – обезбедување топол дом, љубов и грижа во семејна атмосфера и поддршка во подготовка за самостоен независен живот на деца и млади од ранливи категории. Работа која се одвива во континуитет, секој ден, недела, месец. Работа која не може да застане, да престане, да се откаже. Во тој дух, компанијата НЕПТУН ја препозна важноста на одржливоста на нашата работа и стана амбасадор на нашата мисија.
Им благодариме на НЕПТУН Македонија за хуманоста, донациите и стратешкото партнерство, и се надеваме дека ќе бидат инспирација и на останатите компании да помагаат на ранливите категории – кауза полна со емоции“.
Лепа Петровска (Бренд менаџер Фуего)
Александра Ивановски (Директор на приватна установа на СОС Детско Село)
Горан Цветинов (Генерален директор на Нептун Македонија)
Силвија Димитрова (Раководителка на секторот за собирање средства и комуникации)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи

„Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии. Тоа не е вистина. Тоа е маневар со кој вината за економската состојба се префрла врз работниците и пензионерите, а не врз вистинските причини. Податоците го потврдуваат ова“, вели Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.
„Ако ги погледнеме последните статистички податоци за споредба на просечната плата и потрошувачката кошница, ќе видиме дека трошоците растат двојно побрзо од растот на палтата. Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 63.908,00 денари во мај, односно за три месеци имаме зголемување од 2.053 денари. Во истиот период, просечната нето-плата се зголеми од 44.763 денари на 45.796 денари, односно за три месеци се зголеми за 1.033 денари.
Ако се погледнат и најновите бројки, разликата е уште поочигледна. Во јуни кошницата достигна 64.698 денари, а во јули 65.328 денари, што значи дополнителен раст од 1.420 денари за само два месеци. За истиот период нема податоци за просечната плата, но трендот од претходните месеци јасно покажува дека зголемувањето на платите е далеку побавно од растот на трошоците. Реалната куповна моќ на граѓаните паѓа. Тврдењето дека платите ја туркаат инфлацијата е економски неодржливо.
Премиерот зборува и за пензиите како причина за поскапувањата, но фактите го демантираат. Во март имаше еднократно, линеарно зголемување од 2.500 денари. Но тоа не стана тренд. Во април просечната пензија падна на 26.163 денари, во мај беше 26.157, а во јуни едвај се врати на 26.207 денари. Пензионерите и понатаму живеат на граница на егзистенција. Нивните примања едвај ги покриваат основните трошоци. Обвинувањето дека тие ја предизвикуваат инфлацијата е економски и морално погрешно.
Јазот меѓу приходите и трошоците уште повеќе се потврдува кога ќе се погледнат и другите ценовни индикатори.
Индексот на трошоци на живот во јули е за 4,8% повисок од истиот месец лани, а индексот на цени на мало за 5,3%. Само еден месец претходно, овие стапки беа пониски, односно изнесуваа 4,5% и 3,7%, што значи дека цените забрзуваат, а тоа се случува без раст на примањата.
Трендот на забрзување на цените уште појасно се гледа кај основните земјоделски производи, каде поскапувањата се најизразени и имаат директно влијание врз животниот стандард.
Во јуни, цените на растителното производство се зголемени за 22,2%, а на добиточното за 6,9%. Кај одделни производи, растот е уште подраматичен, компирот е поскап за 56,7%, житата и оризот за 25,5%, зеленчукот за 23,9%, а овошјето и грозјето за 15,4%.
Овие бројки се далеку од ефект на зголемени плати и пензии ,тие се резултат на нестабилни пазари, високи влезни трошоци и спекулативно формирање на цените.
Владата се потпира на импровизација и пропаганда. Наместо системски да го искористи Законот за нефер трговски практики, кој може да намали цени и до 30% преку санкционирање на неправедните профити, таа води политички маркетинг.
Состојбата во индустријата дополнително го потврдува ова, во јуни тоа пораснало само за 0,5%, односно економијата не е „прегреана“ од побарувачка.
Во енергетиката, зависноста од увоз дополнително влијае на цените. Во мај увозот на електрична енергија се зголемил за 25,9%, а извозот за 11,1%. Ова покажува дека енергетските фактори се меѓу причините кои придонесуваат за растот на цените, а не зголемувањето на платите и пензиите.
Минималната плата од март е 24.379 денари, утврдена еднострано, без синдикати и без социјален дијалог. Зголемувањето од 1.800 денари беше донесено како политичка одлука, а не како дел од сеопфатна стратегија за подобрување на животниот стандард. Денес, за да се покрие синдикалната кошница од јули, потребни се речиси 2,7 минимални плати. Двајца вработени со минимална плата во едно семејство и пак ќе немаат доволно за месечните трошоци.
Цените во Македонија не растат затоа што граѓаните заработуваат повеќе. Растат затоа што нема стратегија за економска стабилност, затоа што се толерираат монополски структури и шпекулативни маржи, затоа што зависиме од увоз за основни добра.
Обидот да се префрли вината врз работниците и пензионерите е политички срамен. Македонија заслужува економија што ќе работи за своите граѓани, што ќе обезбедува стабилни цени, фер пазар и заштита на животниот стандард, а не изговори за сопствената неспособност“, изјави Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.
Економија
Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и за институциите

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.
Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.
Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.
Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.
Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.
(ПР)
Економија
Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 % во однос на одлуката од 4.8.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,391%, кај дизелот за 3,169%, кај екстра лесното масло за 3,989% и кај мазутот намалувањето е за 0,667%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0797%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,159 ден/кг и сега ќе изнесува 39,786 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.8.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.