Свет
(Видео) Почина Чарли Вотс, тапанарот на „Ролинг стоунс“
Чарли Вотс, тапанарот кого многумина го сметаа за ‘рбетот на рок-бендoт „Ролинг стоунс“, почина во вторникот на 80-годишна возраст.
Лондонскиот публицист Бернард Доерти соопшти дека Вотс починал мирно во лондонска болница опкружен со неговото семејство. Причината за смртта не е наведена.
„Чарли беше сакан сопруг, татко и дедо, а исто така и како член на „Ролинг стоунс“, еден од најголемите тапанари на неговата генерација“, рече Доерти.
Вотс неодамна најави дека нема да настапува на претстојната турнеја на „Стоунс“ низ САД поради недефиниран здравствен проблем.
Тешко беше да се замисли „Стоунс“ без Вотс, пишуваат медиумите алудирајќи на неговата најава за отсуство, „но никој не помисли дека ова ќе се случи“. Неговиот лесен допир, единствено ритмичко чувство, како што може да се слушне на канонските рок-песни Paint It Black, Gimme Shelter и Brown Sugar, го направија мотор што ја става во погон музиката на „Стоунс“ и еден од најпознатите и најценетие тапанари на сите времиња.
Тивкиот, елегантно облечен Вотс честопати беше рангиран со Кит Мун, Џинџер Бејкер и неколкумина други како врвен рок-тапанар, почитуван ширум светот со неговиот мускулест стил додека „Стоунси“ се издигаа од нивните скромни почетоци до меѓународна суперѕвезда.
На бендот му се придружи во почетокот на 1963 година и остана речиси 60 години, а рангиран е веднаш зад Мик Џегер и Кит Ричардс како најдолговечен и најважен член на култниот бенд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Инцидент во училиште во Загреб: Наместо да го штити влезот, обезбедувањето се опијанило
Вчера во основно училиште во Хрватска се случил непријатен инцидент – обезбедувањето кое им било доделено на располагање се опило, па лицата морале да бидат однесени од полиција. Ова за „Индекс“ го потврдиле и од самото училиште откако од родителите се дознало дека директорот ги известил за непријатноста.
„Еден од службените чувари назначен во училиштето од Градската управа и еден неофицијален гостин во безбедносна опрема, и двајцата очигледно во алкохолизирана состојба, биле пријавени од училиштето во полициска станица и биле приведени.
„Ги контактирав сите надлежни служби, Министерството, социјалната служба, Народниот правобранител, Градската управа, надлежниот лекар, а известени се и децата, дежурните наставници, фирмата за обезбедување“, им напиша на родителите директорот Ивица Модриќ, пренесува медиумот.
Во училиштето според написите бил и другиот колега на обезбедувачот кој работел во училиштето. Тој дошол на училиште веќе во пијана состојба, а потоа двајцата продолжиле да се дружат. Настанот бил реконструиран врз основа на снимки од видео надзор. Едниот бил толку пијан што дури и се потпрел на дете, но потоа било констатирано дека нема елементи на кривично дело на штета на детето, туку дека човекот бил многу пијан.
„Извршени се прегледи на камерите на училиштето, на камерите на училиштето беше видливо се што е важно, затоа врз основа на се што е релевантно, што презеде полицијата, и врз основа на извршениот разговор ќе се преземат понатамошни дејствија.
Она што го барам од сите родители е да ги смират децата, бидејќи децата, особено учениците, се потсмеваа на непознатиот кој се тетерави и додека паѓаше и се држеше за ѕидовите да остане на нозе, дојде во контакт со децата. Истиот тој човек паднал пред училиштето поради состојбата во која се наоѓал“, пишува директорот.
„За среќа нема поголеми инциденти и нема поголеми последици, но некој ќе треба да одговара за немилиот настан, а апсолутно сите информации ќе ги добиете кога ќе бидат комплетирани и објавени“, објаснува директорот во пораката, пишува медиумот.
„За денешниот настан се шират лажни информации, затоа имајте предвид дека лично ми е непријатно и жалам што лицето задолжено за контрола на влезот во нашето училиште само направи грешка што можеше да има посериозни последици“, додал надлежниот од училиштето.
Свет
Трамп бара ретки метали од Украина во замена за помош, Шолц: Тоа е многу себично
Германскиот канцелар Олаф Шолц остро реагираше на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да бара од Украина да ги снабдува Соединетите држави со ретки метали како услов за финансиска помош за земјата разурната од војна.
Шолц доцна синоќа го изрази своето несогласување со идејата по неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.
Германскиот канцелар смета дека украинските ресурси треба да останат во нападнатата земја за да се финансира нејзината реконструкција по војната. „Треба да ги искористиме ресурсите на земјата за се што ќе биде потребно по војната“, изјави Шолц.
Тој додаде дека користењето на овие средства сега за потребите на поддршка на одбраната би било „многу себично и фокусирано само на сопствените интереси“. Шолц нагласува дека на Украина во иднина нема да и треба само силна армија, туку и огромни финансиски средства за обнова на земјата.
„Ова се големи задачи, со оглед на огромното уништување што се случува во Украина. Затоа мислам дека би било подобро да се искористат украинските ресурси за подобра иднина“, заклучи Шолц.
Трамп претходно вчера во Овалната соба на Белата куќа рече дека сака „да склучи договор со Украина според кој тие со своите ретки метали и други работи ќе го обезбедат тоа што им го даваме“. Тој се пожали дека Европа не обезбедила исто ниво на помош за Украина како САД.
Тој нагласи дека украинската влада сигнализирала отвореност кон идејата за размена на своите резерви на литиум, титаниум и други ретки метали за континуирана американска помош. „Украина ја изрази својата подготвеност да соработува во снабдувањето со основни материјали. Многу сектори се потпираат на нив“, додаде тој.
Свет
Песков: Соработката меѓу САД и Украина во експлоатација на ретки метали е воена помош за Киев
Идејата за соработка меѓу Украина и САД на полето на експлоатација на ретките метали претставува обезбедување воена помош на комерцијална основа, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Ова е предлог Украина да купи американска помош, односно повеќе да не ја добива бесплатно или на некој друг начин, туку на комерцијална основа“, рече Песков, додавајќи дека е подобро да не се дава никаква помош на Киев и на тој начин да се придонесе за ставање крај на конфликтот, се вели во извештајот на агенцијата Интерфакс.
Повикувајќи се на неименувани извори, Њујорк Тајмс и Фајненшл Тајмс претходно објавија дека Украина е подготвена да соработува со САД на полето на експлоатација на ретки метали во замена за долгорочни гаранции дека овие ресурси нема да стигнат до Русија.