Спорт
„Кралот“ Таварез ја здроби таблата
Кошаркарскиот центар на Реал Мадрид, Валтер Таварез доминира во дресот на својата селекција – Зеленортските Острови.
Ја предводеше својата селекција до победа против Ангола во првото коло на Африканското првенство со резултат 77-71 по продолженија.
Таварез мечот го заврши со 20 поени и 18 скока.
Два поена и еден офанзивен скок имаше на минута пред крајот кога успеа со забивање да ја скрши таблата.
Следуваше пауза за менување на конструкцијата, по што следуваше победата на „островјаните“.
Walter Tavares dominating #Afrobasket2021 pic.twitter.com/Fzt4Wu6gn8
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 24, 2021
Ако се прашувате кој е „мајстор“ за кршење табли и за „демонтажа“ на кошаркарски обрачи – легендарниот Шекил О`Нил:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Глазер ќе ја напушти Црвена звезда
Омри Глазер си заминува од Црвена Звезда на крајот од сезоната. Раководството на шампионот на Србија, според „Спорт Клуб“, го договорило трансферот на голманот во Франција.
Израелецот е еден од најдобрите играчи на Црвена звезда оваа сезона, во клубот пристигна минатото лесто за 1.200.000 евра од Хапоел Бер Шива. Се очекува српскиот шампион да заработи околу 4.000.000 евра од трансферот.
Инаку, Црвена звезда по завршувањето на сезоната ќе ги објави финасиските детали и името на новиот клуб.
По заминувањето на Глазер, Црвена звезда ќе ангажира голман кој не е странец, а во клубот најверојатно ќе се врати Милан Борјан, кој сезонава е позајмен во Слован од Братислава.
Спорт
(Видео) Сити победнички го мина тешкото гостување во Нотингем
Манчестер сити, во 35.коло забележа важна победа во борбата за шампионската титула. „Граѓаните“ славеа во Нотингем со 2:0, на табелатаа имаат бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Конечниот резултат не ја дава вистинската слика на се она што се случуваше на стадинот во Нотингем. „Шумарите“ промашуваа, а актуелните шампиони максимално ги користеа своите шанси.
Сити поведе со голот на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол во 32. минута по корнерот на Кевин де Брујне.
До тој момент избраниците на Пеп Гвардиола не создадоа ниту една шанса, не блескаа ниту во преостанатиот дел од натпреварот, но Ерлинг Халанд во 71. минута се најде на вистинското место и го постигна својот 21. гол сезонава.
Избраниците на Нуно Еспирито Санто храбро им се спротивставија на „Граѓаните“, имаа повеќе од играта и создадоа неколку исклучителни шанси, но несфатливо е како домашните играчи несмасно реагираа во неколку ситуации, пред се Новозеланѓанецот Крис Вуд, кој промаши две чисти шанси, а една голема шанса не реализираше Бразилецот Муриљо.
Проблем за Сити во преостанатиот дел од сезоната би можела да биде повредата на првиот голман Едерсон. На паузата меѓу двете полувремиња го замени Стефан Ортега.
Спорт
Струга ги врати Шкупи и Шкендија во борба за титулата, реми во скопското дерби, Вардар загуби во Струмица
Шкендија и Шкупи го искористија поразот на Струга и се вратија во борбата за шампионската титула.
Шкендија на домашен терен убедливо го порази Гостивар со 4:1, Шкупи со пресврт и со гол во 97.минута славеше над Тиквеш, а бранителот на трофејот Струга загуби од Силекс 2:3, и покрај тоа што имаше водство од 2:0.
По 29 рунди Струга и Шкупи имаат по 58 бода, три повеќе од Шкендија.
Интересно до крајот на сезоната ќе биде и во борбата за опстанок. АП Брера се чини дека го обезбеди опстанокот откако славеше над Вардар 2:0. Црвено-црните се во бараж зоната имаат пет бода помалку од Воска спорт, која убедливо гја победи Брегалница со 4:0 и шест помалку од Работнички.
„Романтичарите“ во градската пресметка со Македонија ЃП одиграа 1:1.
Резултати, 29.коло:
АП Брера-Вардар 2:0
(Цветаноски 24’)
Работнички-Македонија ЃП 1:1
(Билали 66’ – Ларсон 45+3’)
Струга-Силекс 2:3
(Ибраими 23’, Радески 34’ – Игњатов 36’, 48’, Каланоски 52’)
Шкендија-Гостивар 4:1
(Шала 2, 9’, Адеми 54’, Цинари 88’ – Кехинде 81’)
Шкупи-Тиквеш 3:2
(Воша 39’, Аворнио 86’, Дуду 97’ – Спахиу 53’, 82’)
Воска спорт-Брегалница 4:0
(Јашароски 11’, 21’, Георгиев 44’, Марушиќ 82’)
Табела: