Црна хроника
Кршел во ноќен клуб и прободел соселанец со нож во градниот кош

Жител на струшкото село Радолишта кршел во ноќен клуб во Струга и се заканувал дека сите ќе ги убие, а неколку дена подоцна со нож прободел соселанец во градниот кош.
На 2 август триесет и седумгодишниот Д.Ш. ноќта во 3 часот влегол во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга и почнал да крши шишиња и чаши. Во еден момент извадил нож и почнал да замавнува кон присутните гости во објектот и да се заканува дека сите ќе ги убие. Со брза полициска интервенција тој бил приведен и одземен му е нож во расклопена состојба со сечило во должина од 10 см.Пет дена подоцна, насилникот нападнал деветнаесетгодишен соселанец и го прободел со нож во пределот на градниот кош. Настанот се случил на седми месецов во 02 часот и 30 минути, при нивна вербална расправија во казиното „Сенатор“ во Струга. Караницата продолжила и надвор од казиното каде во еден момент Д.Ш. извадил нож и го прободел момчето. Повредениот со возило на брза помош е пренесен на хируршкото одделение во Општата болница во Струга каде е констатирана тешка телесна повреда нанесена од левата страна со пробив на ѕид од граден кош. Поради сериозноста на повредите е задржан на понатамошно лекување.Полицајците го привеле напаѓачот и кај него нашле нож на расклопување со сечиво од 9 сантиметри, две најлонски паковки со непозната зелена растителна материја, една рачно изработена цигара (џоинт), едно шишенце со таблети розева боја и ризли со натпис „smoking delux“. Одземените предмети се доставени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Против него поднесена е кривична пријава за загрозување на сигурноста и тешка телесна повреда./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.