Македонија
Николоски: Шилегов и Темелковски заради бизнис-интереси дозволија Цементарница да го загадува Скопје

Денеска сме во посета на општина Кисела Вода со убеден сум по 17 октомври новиот градоначалник на општина Кисела Вода ќе биде Орце Ѓорѓиевски, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
„За жал, 4 години Кисела Вода назадува во една комбинација на досегашниот градоначалник од СДСМ и досегашниот градоначалник на Град Скопје исто така од СДСМ, коишто или не работат, а кога малце ќе поработат прават криминал. Најчесто не работат и затоа се стагнира почнувајќи од фонтаната позади мене, којашто е во склоп на Споменикот на бранителите, а не работи и е полна со ѓубре, продолжувајќи преку булеварот Првомајска, кој го проби ВМРО-ДПМНЕ и кој, за жал, не се гради откако Петре Шилегов и Филип Темелковски се градоначалници, одејќи кон криминалните намери за изградба на преку 100 згради тука во општина Кисела Вода. И веројатно завршувајќи со она што е мака не само на Кисела Вода туку и на цело Скопје, а тоа е загадувањето“, посочи Николоски.
„Во овие 4 години ни Петре Шилегов ни Филип Темелковски ништо не направија да го спречат загадувањето од Цементарница, напротив со закон во Собранието овозможија да се увезува отпад кој ќе се користи во работењето на Цементарница и не само што ги загадува околните населби и општината, туку го загадува и цело Скопје. Со прст не мрднаа да го решат овој проблем, веројатно од олигархиски и бизнис-интереси кои само на нив им се познати“, рече Николовски.
Додаде дека на 17 октомври, како што рече, мора да се случи промена за да заминат двајцата според него најнеспособни градоначалници, на Кисела Вода и на Скопје, и да дојдат чесни луѓе кои ќе ги решаваат проблемите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.