Македонија
Наместо најавените 650, земјава ќе згрижи 780 бегалци од Авганистан
Бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од вчера се искачила од досегашните 650 на 780, соопшти денес владиниот портпарол Душко Арсовски. Ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.
„Според последните податоци, бидејќи бројките се сменија од вчера, 780 граѓани на Авганистан се на списокот. Ова е според барањето на меѓународните организации кои стигнуваат до Владата. Стигнуваат 780 граѓани, за толку Владата презема обврска да обезбеди сместување, да ги згрижи и да помогне полесно да го поминат овој период тука од 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците. Најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје“, рече портпаролот Арсовски.
Сè уште не е извесно кога ќе пристигнат бегалците од Авганистан, но за нивно прифаќање веќе се направени подготовки. Министерот за здравство, Венко Филипче, веќе извести дека направиле посебни протоколи. Лекарски тимови ќе ги прифатат бегалците, а веднаш по пристигнувањето сите ќе бидат тестирани за Ковид- 19 и ќе им биде пруженени и други здравствени услуги доколку за тоа има потреба. Невакцинираните, министерот Филипче најави дека ќе бидат вакцинирани два-три дена по пристигнувањето.
Бегалците кои треба да пристигнат во Македонија, според најавите на владините претставници се вработени и нивните жени и деца во хуманитарните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка на НАТО-силите во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

