Контакт

Македонија

Шилегов на маалска среда во Гази Баба: СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда и најдобар степен на реализација

Објавено пред

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов и градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски, вечерва беа на маалски средби со граѓаните од оваа општина.

dobivaj vesti na viber

„ СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда, концепт, визија и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна. Владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше над 11.5 милиони евра во над 32 км патна инфраструктура во општина Гази Баба“, посочи Шилегов.

Тој додаде дека и во Гази Баба и во другите скопски општини се инвестира во важни капитални проекти.

„ Градиме нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, важен капитален проект не само за овие две општини туку и за цело Скопје. Ги реконструиравме булеварот Александар Македонски, улицата Благоја Стефковски, расчистивме бројни диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација на бул. Киро Глигоров. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Гази Баба, посочи Шилегов.

„ Инвестиравме над 37 милиони денари во реконструкција на средните училишта АСУЦ Боро Петрушевски, Михајло Пупин и Панче Арсовски. При што ја завршивме и изградбата на нова спортска сала во Боро Петрушевски. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница“ истакна Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Гази Баба подигнати се над 13.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 1000 садници, при што меѓу другото целосно се реконструирани парковите Коце Металец и Железара.

СДСМ продолжува со активностите на терен со цел да биде уште поблиску до граѓаните, за заедно со граѓаните создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина за секој град.

Македонија

Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Објавено пред

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.

dobivaj vesti na viber

Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.

Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.

Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери“, најави Герасимовски

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.

dobivaj vesti na viber

„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.

Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.

Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на Марковски компани додека 600 000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите блиски смислуваа начини и формираа мрежи од фирми за да испумпаат државни средства. Милионски суми од државниот буџет завршија во џебовите на фирми блиски до кланот Заеви“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен.

03.10.2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со Марковски компани во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра.

Како подизведувачи на овој ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг’’ и „Јавор транс“, кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви.

Симеон и Горан Крстеви се луѓе блиски на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата Глобал.

Намерно не биле главни изведувачи за да не се забележат, но сепак парите од државните тендери завршиле директно кај нив. Ова е само еден од начините како парите од Марковски компании биле канализирани до Заев и неговите блиски.

Овие две фирми подизведувачи само од еден тендер заработиле 5 милиони евра.

Овие криминални шеми се директна злоупотреба на јавни средства и пари на граѓаните.

Затоа на 19 октомври СДС ќе доживеат дебакл, народот со заокружување на бројот 9 ќе се спротистасви на корупцијата, злоупотребите и криминалот и ќе даде шанса на оние кои работат чесно и за народот а не за сопствени интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија12 минути

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза можат да посетат 129 дестинации

За прв пат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД...

Македонија47 минути

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет2 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на...

Европа2 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет3 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион3 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет14 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија20 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија20 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија20 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија22 часа

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија23 часа

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија24 часа

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија1 ден

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет1 ден

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет1 ден

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет1 ден

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...