Македонија
(Видео) Костадинов: СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина, во понудата на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски
СДСМ утврди 51 кандидат за градоначалници за претстојните локални избори. Станува збор за докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за својата општина, истакна портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
СДСМ, рече Костадинов, на овие избори излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на општините.
Според Костадинов, локалните избори се избори на личности и токму тоа е една од клучните предности на СДСМ.
„За разлика од чесната, одговорна понуда на СДСМ, понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е понуда од немај каде. Таму не само што нема нови лица, туку огромен дел од нив се луѓе на Никола Груевски, личности кои во минатото, во времето на режимот, биле на високи функции на државно и локално ниво. Очигледно дека ниту самиот Мицкоски не верува во сопствената понуда на кандидати. Фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да извадат свој кандидат за градоначалник на Скопје и општина Центар говори за поразот што ја очекува опозициската партија во главниот град, но и во многу други општини низ целата држава“, потенцира на прес-конференцијата Костадинов.
На граѓаните, вели тој, им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква понуда за овие локални избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

