Македонија
Шахпаска: Позитивното искуство ги натерало семејството Крчови повторно да згрижат дете без родители
Денесka министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посети згрижувачкото семејство Крчови во општина Кавадарци.
„Семејството Крчови го отвори својот дом за момченце од 14 години, кое е дете без родителска грижа. Со ваквиот чин му пружија љубов, грижа и заштита, толку неопходни за развојот на секое едно дете. Во семејството момчето е веќе две години и мило ми е што ги има сите услови кои едно згрижувачко семејство може и треба да му ги даде“, изјави министерката Шахпаска.
Семејството Крчови веќе имаат искуство со згрижување дете за кое се грижеле три години. Тоа било лице со пречки во психофизичкиот развој. Токму ова претходно позитивно искуство ги поттикнало повторно да ја пружат нивната помош во згрижување дете.
Министерство за труд и социјална политика ќе продолжи да обезбедува поддршка на децата без родители и родителска грижа и да мотивира да расти бројот на згрижувачки семејства. Згрижувачките семејства се најсовршениот облик за обезбедување здрава и сигурна средина за раст и развој на децата кои од различни причини останале без родители или родителска грижа.
Во Република Северна Македонија има околу 300 згрижувачки семејства кои се грижат за 500 деца. Неодамна се отворија два центри за поддршка на згрижувачки семејства во Битола и Скопје, коишто на згрижувачките семејства им нудат стручната помош, обука и поддршка, информираат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Јавното обвинителство мора да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра“, бара СДСМ
„Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ“, велат од СДСМ.
„Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните.
Постојат основани сомнежи дека над 300.000 евра годишно, пари на граѓаните, се вадат преку корупциски шеми.
Како? Според наводите, недостасуваат постојано околу 14 хигиеничари а други работата со половина работно време и покрај тоа што за сите нив се исплаќа целосен износ, како да се вработени и присутни цел ден.
Како се прикрива сето ова?
Со потпишување лажни дневници за отсутни хигиеничари, лажни извештаи за наводни генерални чистења кои никогаш не се реализираат.
Ако институциите не постапуваат значи дека се заштитници на криминалот на ВМРО и ЗНАМ.
Бараме Јавното обвинителство да отвори предмет и итно да покрене истрага.
Секој што го прекршил законот мора да одговара“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)

