Свет
Навални се пожали на психолошко насилство

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални го спореди рускиот затвор со кинески работнички логор и се пожали дека мора да гледа државна телевизија осум часа дневно.
Во коментар за Гардијан од затворот, Навални го повика Западот да преземе мерки против корупцијата во Русија и да ги „скрши“ олигарсите. Оваа недела, Навални во ново интервју рече дека деновите на напорна работа се заменети со, како што рече, „насилство и пропаганда за психолошко перење мозок“.
„Замислете нешто како кинески работен камп каде сите маршираат по ред и каде камерите се насекаде. Постои постојана контрола и култура на „кодошење””, рече тој.
Навални исто така рече дека стражарите ги следат затворениците додека со часови гледаат државна пропаганда и не им дозволуваат да читаат или пишуваат и да бидат тие што заспиваат. Меѓутоа, денес пренесува Гардијан, Навални се уште е оптимист за режимот на Владимир Путин, тврдејќи дека тој ќе заврши еден ден.
„Порано или подоцна, таа грешка ќе се исправи и Русија ќе тргне по демократски, европски пат на развој – едноставно затоа што луѓето го сакаат тоа“, рече Навални. Тој, исто така, ги повтори критиките кон Соединетите Американски Држави и европските влади за санкциите против Русија, за кои вели дека предизвикуваат повеќе штети врз луѓето отколку на власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
🇺🇸🇺🇦 Happening right now: a big pro-Ukrainian rally in Anchorage ahead of the Trump-Putin meeting. “Ukraine and Alaska — Russian never again.” pic.twitter.com/Zx2VKVYW9G
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 15, 2025
Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“. Тие носеа украински и американски знамиња.
фото: принтскрин
Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.
Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).