Свет
Талибанците: Музиката ќе биде забранета, на жените ќе им треба машки придружник ако патуваат неколку дена

Портпаролот на талибанците објави дека музиката ќе биде забранета во Авганистан, а жените ќе мора да имаат машка придружба на патувања што траат неколку дена. Тој, исто така, вети дека Талибанците ќе бидат полиберални отколку што беа пред 20 години.
Во интервју за „Њујорк тајмс“, портпаролот на Талибанците, Забинула Муџахид, рече дека иако на жените ќе им биде дозволено да се вратат на работа и да одат во училишта и болници, ќе им треба маж придружник за патувања што траат неколку дена.
И музиката ќе биде забранета во земјата.
„Музиката е забранета во исламот, но се надеваме дека ќе ги убедиме луѓето да не го прават тоа, наместо да вршиме притисок врз нив“, велат талибанците.
Работите, како што рече, ќе бидат различни под власта на талибанците отколку во претходниот режим.
„Сакаме да ја изградиме иднината и да заборавиме што се случи во минатото“, рече тој, отфрлајќи ги извештаите дека талибанците веќе се одмаздуваат на противниците и се обидуваат да воведат строги ограничувања за жените, како кога првпат ја презедоа контролата во 1996 година.
Тој посочи дека Талибанците ќе им дозволат на жените да се вратат на работа се’ додека главите им се покриени. На оние со соодветни патни исправи ќе им биде дозволено да ја напуштат земјата и нивниот режим нема да ги лови поранешните преведувачи и другите кои работеле со американската војска во последните години.
Сепак, тој изрази фрустрација поради напорите на САД да ги евакуираат луѓето.
„Тие не треба да се мешаат во нашата земја и да ни ги одземаат човечките ресурси: лекари, професори и други луѓе што ни се потребни овде. Во Америка, тие може да станат машини за миење садови или готвачи. Тоа е нечовечно“, додаде тој.
Сепак, нагласи дека се надева оти талибанците можат да изградат добри врски со меѓународната заедница, додавајќи дека тие веќе работат со меѓународните лидери за борба против тероризмот, искоренување на опиумот и намалување на бројот на бегалци на Запад.
Неговите најнови коментари доаѓаат само еден ден откако тој на прес-конференција рече дека жените треба да останат затворени дома додека талибанците не ги обучат своите сили да не ги вознемируваат.
„Загрижени сме дека нашите сили, кои се нови и се’ уште не се добро обучени, би можеле да ги злоупотребуваат жените. Не сакаме нашите сили, не дај Боже, да ги повредат или малтретираат жените“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиот канцелар Мерц: Путин мора сериозно да ја сфати понудата за дијалог

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија има „можност да се согласи на прекин на огнот и да ги прекине непријателствата“, по виртуелната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во среда.
Мерц ги истакна очекувањата на Европа пред потенцијалните мировни преговори.
We stood as one as we conveyed these clear messages to President Trump before he set off for Anchorage. I remain in contact with him. President Trump can now accomplish an important step towards peace. 5/6
— Bundeskanzler Friedrich Merz (@bundeskanzler) August 15, 2025
„Очекуваме претседателот Путин сериозно да ја сфати понудата за дијалог на претседателот Трамп и, по средбата во Алјаска, да започне безусловни преговори со Украина“, рече тој.
фото: принтскрин
Свет
Поранешен шеф на МИ6: Ако има денеска мировен договор, тоа е многу лоша вест за Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, сер Џон Соерс, предупреди дека мировниот договор постигнат денес на Алјаска, веројатно, би претставувал лоша вест за Украина, пишува „Скај њуз“.
Во разговорот тој го разјасни својот став. „Не очекувам од овој состанок да произлезе јасен мировен план. Ако го има, тоа е многу лоша вест за Украина бидејќи ако Путин успее да го заклучи претседателот Трамп во позиција што е блиска до рускиот концепт за завршување на војната, Украина во суштина би можела да биде потчинета на контролата на Кремљ“, рече тој.
Соерс верува дека луѓето со право се скептични кон рускиот претседател Владимир Путин, но истакнува дека денешната средба на Алјаска сè уште нуди одредена можност.
„Секој обид за завршување на војната мислам дека е добредојден и тука има можност. Колку и да сум скептичен кон Путин, постои можност да се почне процес што би можел да доведе до крај на овој конфликт“, заклучи поранешниот шеф на МИ6.
Свет
(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател Доналд Трамп на неговиот самит со рускиот претседател, Владимир Путин.
Тој кусо разговараше со новинарите во четвртокот по пристигнувањето во хотел во Анкориџ, облечен во џемпер со натпис „CCCP“.
Lavrov has arrived for the meeting in a shirt that says СССР (USSR). https://t.co/D5yrC2MFhD pic.twitter.com/h5HYuvTrob
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 15, 2025
Лавров истакна дека многу е постигнато за време на неодамнешната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва и дека Кремљ се надева оти ќе го продолжи корисниот разговор на самитот в петок.
„Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција. Ќе го презентираме тоа“, рече Лавров.
„Многу е веќе постигнато за време на посетата на американскиот специјален претставник Виткоф… Се надевам дека утре ќе го продолжиме овој корисен разговор“.