Македонија
(Видео) Камчев понуди нова гаранција од два милиони евра за да излезе од притвор
Орце Камчев, кој е петтообвинет во случајот „Плацеви на Водно“ понудил гаранција во недвижен имот од над милион и седумстотини илјади евра и готовина од 200 илјади евра. Неговиот адвокат, Еленко Миланов, рече дека сѐ уште немаат одговор од Основниот кривичен суд.
„Веќе подолг период имаме поднесено и гаранција во недвижен имот, онака како што обвинителството бараше, да не биде ниту од лица коишто се во постапката, иако сметам дека не постојат законски пречки неговата мајка, којашто е во постапката, да заложи сопствен имот, но почитувајќи ги барањата на обвинителството поднесена е и гаранција којашто би значела укинување на мерката притвор на г.Орце Камчев и негова понатамошна одбрана од слобода. Понуден е недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, но на оваа понудена гаранција до овој момент и до оваа прес-конференција немаме одлука од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, до којшто истата е доставена“, рече Миланов.
Адвокатот на Камчев повторно кажа дека здравјето на неговиот клиент е нарушено и поради тоа, како што кажа, тој треба да биде преместен во куќен притвор.
„Воопшто не се размислува за евентуална можност за укинување на таа мерка притвор и за почитување на неговата во овој момент нарушена здравствена состојба, за што постои обемна медицинска документација од повеќе стручни лица од Република Северна Македонија и од еминентни стручњаци од Република Словенија и исто така од Република Австрија. Во конкретниот случај, за неговата здравствена состојба постои и судско- медицинско вештачење од овластен вештак од областа на медицината, којшто исто така укажува на ризичноста на здравствената состојба на г. Јордан Камчев, што би укажувало на околноста дека од тие причини би требало да се интервенира и евентуално истиот во најмала рака да биде префрлен на издржување на мерка куќен притвор“, рече Миланов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со мала облачност и ветер
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 10 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 11 степени. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучк на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на улицата Радишанска, крак – 4 (Бел Камен), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и населба Кучевишка Бара, општина Бутел.
Македонија
Костовски: Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ и ВЛЕН против развојот на општина Бутел
Денес на седницата на Советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел, извести градоначалникот Дарко Костовски.
„Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните.
За жал советниците од ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел“, вели Костовски.

„20 години без никаков интерес за граѓаните на општина Бутел!
63% од овој Буџет за капитални проекти!
Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.
Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:
-Нова поликлиника
-Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен
-Детска градинка во населеното место Бутел 2
-Изградба на пливачки базен во ООУ “Ацо Шопов”
-Нови мостови на река Серава
-Уредување и чистење на речното корито на Река Серава
-Финансиска помош за новороденчиња
-Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел
-Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици
-Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
-Изградба на нови спортско рекреативни центри
-Нови детски игралишта
-Нови спортски игралишта
-Нов пешачки и пристапни патеки
-Поддршка на спортски клубови
-Спортски стипендии
-Парична помош за пензионерите
-Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
-Финансии за културни и спортски настани

Како и изминатите години така и во овој буџет предвидени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!
2026 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места!
Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел!“, соопшти Костовски.

